Големата црноглава сипка () е член на семејството сипки (Paridae), во родот Poecile.
Распространетост Распространета е во југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, и југозападна Азија. Таа е постојан жител (резидентна), односно не е птица преселница.
Опис Големата црноглава сипка е слична со планинската сипка, само е малку поголема и потемна од страните. Должината на телото се движи 13-14 см, а тежината од 15 до 20 грама. Клунот е кус, конусен и релативно силен. Врвот на главата и вратот кај мажјаците е кафеавоцрн, а кај женките тој дел е кафеав.
Остатокот од горниот дел од пердувите е светлокафеава боја, лицето и страните на вратот се малку посветли, а долниот дел од телото е белузлав со сивокафени страни.
Повикот ѝ е карактеристичен зиррра звук. Се огласува слично на модроглавата сипка со ци-ци-ци и врапчевото кер-р-р, како и со чечече, слично како големата сипка. Песната е слична, само малку погруба од малата црноглава сипка - чрив-чрив-чрив. Гнездење Големата црноглава сипка гнездото го прави во шуплините на дрвјата, а понекогаш и во карпите.
Наводи
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Сипки