Белограден кос () — европска птица, член на семејството на дроздовите. Ова е планински вид, близок до обичниот кос, кој гнезди во карпести предели и каменоломи. Го има и во Македонија.

Опис Возрасниот мажјак е целиот црн, освен белата дамка на градите и жолтеникавиот клун. Крилјата имаат сребреникав сјај поради белите рабови на пердувите. Тој ги пее своите гласни и меланхолични песни качен високо на некое дрво или карпа. Името го добил заради белата дамка на градите.

Женките се слични, но побледи, а младенчињата имаат кафени пердуви и немаат бела дамка на градите.

Овој вид за првпат е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae во 1758 под неговиот биномен назив.

Поведение Белоградниот кос се размножува во повисоките региони на западна и Средна Европа, а исто така и на Кавказ. Најголемиот број птици се преселници, презимувајќи на Средоземјето. Популацијата му се намалува, особено во Ирска.

Овој кос е територијален и обично сам или во двојка, иако мали јата може да формира при преселба. Вон сеозната на парење може да се сретнат повеќе птици заедно, особено на погодно место за исхрана, како што се овошни дрвца, често и со други дроздови. Се гнезди во грмушки или во карпи, несејќи неколку светлосини јајца просипани со кафеаво, во уредно гнездо во вид на чашка.

Исхрана Белоградниот кос е сештојад, хранејќи се со секакви инсекти, црви, мали ’рбетници, влекачи и бобинки.

Наводи

Литература Clement and Hathaway, Thrushes ISBN 0-7136-3940-7

Надворешни врски

Ageing and sexing (PDF; 0.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Дрозд Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј