Мал тетреб или лирест тетреб () — голема птица од потсемејството на тетребите (Tetraoninae). Птицата е непреселничка, а се размножува ширум северна Евроазија во вресишта и тресетишта покрај кории, претежно од северен тип. Овој тетреб е во блиско сродство со кавкаскиот. Го има и во Македонија.
Женката е сивкасто-кафеава по боја и се огласува со гакање. Гнездото го прави сама и самата се грижи за пилињата, што е типично за ловните птици.
Опис Малиот тетреб е всушност голема птица. Мажјаците се долги околу 53 см и тежат од 1 до 1,5 кг, додека пак женките се долги 40 см, со тежина од 750 гр до 1 кг. Мажјаците имаат карактеристично црно перје, црвен подбрадок и бело обрабовање на крајот од крилата. Опашката има облик на инструментот лира, па оттаму овој вид се нарекува и „лирест“. Се огласуваат силно, со гугуткави извици.
Распространетост и живеалиште Покрај Македонија и Балканот, малиот тетреб живее низ поголем дел на Европа, од Велика Британија (но не во Ирска), ширум Скандинавија и Естонија, заклучно со Русија. Во источна Европа се среќава во Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Романија и Украина. Присутен е на Алпите и преостанати изолирани групи во Германија, Франција, Белгија и Холандија. Во Данска се смета за исчезнат од 2001 г.
Парење Оваа птица има особено карактеристичен обред на парење. Напролет, уште во мугрите, мажјаците излегуваат на обичајно определен простор и „се топорат“ и се огласуваат со посебни извици за да го привлечат вниманието на женките. Овие собирања во западна Европа се ограничени на 40 птици, но во Русија знаат да достигнат од 150 до 200 учесници.
Наводи
Надворешни врски Видеоснимки, слики и огласување на малиот тетреб — „Интернет-збирка на птици“ Слики и огласувања на малиот тетреб
Категорија:Тетреби Категорија:Птици на Македонија Категорија:Птици на Европа Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј