Света Петка - Источен Петок Балаклија — македонски православен храм кој непосредно до хотелот „Белви“, на автопатот Скопје-Куманово во атарот на скопската населба Илинден. Темелите на црквата биле удрени во 2000 година за да се одбележи два милениума христијанство. Според некои преданија и легенди, на местото каде што е сега подигната црквата, во минатото постоел храм на Света Петка. Ктитор на црквата бил директорот на АД „Македонија-турист“, Доне Таневски. Во април 2005 година црквата била целосно завршена и осветена.

Галерија

Наводи

Категорија:Илинден (населба) Илинден Илинден Категорија:Македонската архитектура во 2005 година