Вангел Тодоровски - Мајорот (Битола, 1920 - Битола, 12„Битолските народноослободителни партизански одреди“, Друштво за наука и уметност, Битола, 1982, 56-57 стр. или 24 април„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1490 стр. 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 јули 1952 година.„Значајни личности за Битола“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, 229-230 стр.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 385
Животопис thumb|left|200px|Биста на Вангел Тодоровски во Градскиот парк во Битола Како раководител на берберските работници, бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ од 1940 година и член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќепати бил апсен.
Учество во НОБ По фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. По провалата во Битола во април 1942 година, непосредно по убиството на Орде Чопела, бугарската полиција извршила упад во куќата каде била сместена техниката. Вангел Тодоровски успеал да го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил.
Во негова чест, една од градинките во Битола го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Починати во Битола