Арјеж (; , ) — река во јужна Франција, десна притока на Гарона. Долга е 164 кмРека Арјеж — база „Сандр“ и извира во Пиринеите, каде образува дел од границата со Андора.

Реката тече низ следниве населени места:

Арјеж: Акс ле Терм, Ле Кабан, Тараскон на Арјеж, Монгајар, Фоа, Варил, Памје, Саверден. Горна Гарона: Сентегабел, Отрив.

Истекува во Гарона во Порте на Гарона, јужно од Тулуза. Името потекнува од латинскиот назив „Авгигера“ ( = Златоносна) бидејќи се сметало дека во коритото има златни грутки.

Поврзано Арјеж (департман)

Наводи

Надворешни врски

Минат и моментален водостој на Арјеж, Гарона и другите нејзини притоки

Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Андора Категорија:Реки во Окситанија Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Арјеж Категорија:Горна Гарона Категорија:Погранични реки