Волтер Брус Вилис ( ; р. ) — професионално познат како Брус Вилис — глумец, продуцент и музичар од Соединетите Држави. Неговата кариера започнала во телевизијата, во 1980-тите години, најзабележливо со улогата на Дејвид Едисон, во Осветлување на месечината (1985-1989 година). Тој продолжил на полето на филмот и телевизијата, глумејќи во комедии, акции и драми. Познат е по улогата на Џон Меклејн, во серијалот Умри машки, кој имал воедно критички и финасиски успеси. Исто така, тој се појавил во повеќе од 60 филмови, како Евтини приказни (1994), 12 мајмуни (1995), Петтиот елемент (1997), Армагедон (1998), Шесто сетило (1999), Нераскинлив (2000), Градот на гревот (2005), Упатство (2012), Царството на месечината која изгрева (2012), Г.И. Џо: Одмаздата (2013).
Филмовите во кои игра Брус Вилис достигнале бруто заработка од 2,64 до 3,05 милијарди долари низ билетарниците во Северна Америка, со што тој е деветти по ред глумец кој најмногу заработува како главна улога, и дваесетти по ред играјќи како споредна улога. Двапати досега бил добитник на Еми наградата, еднаш на Златен глобус, и четири пати досега бил номиниран за наградата Сатурн. Вилис беше женет со глумицата Деми Мур, со која има 3 ќерки. Тие беа 13 години во брак, а се развеле во 2000 година. Сега, тој е во брак со моделот Ема Хеминг, со која има една ќерка.
Животопис Вилис е роден во Идар-Оберштајн, Западна Германија. Неговиот татко, Дејвид Вилис, бил американски војник. Неговата мајка, Марлене К., била германка, родена во Кауфунген, близу Касел. Вилис е најстариот од четирите деца: тој има сестра, Флоренс, и брат, Дејвид. Неговиот брат Роберт починал во 2001 година, на 42 годишна возраст, од рак на панкреасот. Откако бил отпуштен од војска во 1957 година, татко му на Вилис, со својата фамилија, се вратил во Карнис Поинт, Њу Џерси.Stated on Inside the Actors Studio, 2001 Неговата мајка работела во банка, а татко му бил заварувач, механичар и работник во фабрика. Вилис одел во средното училиште Пенс Гров, во своето родно место, каде што се соочувал со проблемите со пелтечењето. Неговите соученици го нарекувале Бак-Бак. Забележувајќи дека сака и дека му е лесно да се изразува на сцена, а воедно и дека со тоа ги губи проблемите со пелтечењето, Вилис започнал да глуми, а сите негови средношколски активности биле поврзани со работи како драмскиот клуб, а бил и претседател на студентскиот совет.
По завршувањето на средно училиште, Вилис се вработил како службеник од обезбедување во атомската централа Сејлем, а исто така превезувал и групи работници во фабриката Дупон во Дипвотер, Њу Џерси.
По работењето како приватен детектив (улога која подоцна ќе ја игра во телевизиската серија Осветлување на месечината, исто така и во филмот од 1991 година, Последниот извидник), Вилис се навратил на глумењето. Тој се запишал во драмската програма на Државниот универзитет Монтклер.Archived at Ghostarchive and the : Во неговата последна година од студирањето, тој го напуштил училиштето и се преселил во Њујорк, каде што на почетокот на 1980-тите години, се издржувал себеси работејќи како шанкер во барот Камикази.
По неколку аудиции, тој го имал и својот прв драмски настап во оф-Бродвеј продукцијата на Небо и земја. Со повеќе искуство се здобил во Луд за љубов, и во реклама за Левис.
Кариера Почеток на кариерата
Вилис го напуштил Њујорк и се упатил кон Калифорнија на аудиции за неколку телевизиски емисии. Во 1984 година, тој се појавил во епизодата Без излез, во ТВ серијалот Пороците на Мајами. Во 1985 година, се појавува во првата епизода од серијалот Зона на самракот. Тој учествувал на аудиција за улогата на Дејвид Едисон Џуниор од серијата Случајни партнери (1985-89 г.), натпреварувајќи се против 3.000 други глумци за истата улога. Главната улога, наспроти Сибил Шепард, му помогна да се докаже како комичен глумец, со што серијата траеше пет сезони. Во време кога серијата доживувала големи успеси, производителот на пијалаци Сиграм, го најмил Вилис да учествува во рекламата за производите на Златно вино. Оваа рекламна кампања и исплатила на оваа новородена ѕвезда околу 5 до 7 милиони долари, за две години. И покрај тоа, Вилис решил да не го обновува договорот со оваа компанија, кога решил да престане со пиењето алкохол во 1988 година.
Вилис го имаше своето деби во филмот на Блејк Едвардс од 1987 година, Состанок на слепо, со Ким Бесинџер и Џон Ларокет. Едвардс повторно му доделил улога, да го игра Том Микс со неговиот вистински живот, во Зајдисонце (1988 г.). Меѓутоа, тогаш неочекуваната улога на Џон Маклејн во Умри машки (1988 г.) му го донесе статусот филмска ѕвезда. Тој ги изведува повеќето од неговите вештини во филмот, a филмот достигнал заработка и до 138.708,852 долари насекаде во светот. По неговиот успех со Умри машки, тој добил споредна улога во драмата Во земјата, како старец од Виетнам, Емет Смит, и исто така го глуми гласот на едно бебе кое зборува, во филмот Гледај кој зборува.
Кон крајот на 1980-тите, Вилис уживал во скромен успех и како глумец кој снима и музика, снимајќи албум со поп-блуз песни, наречен The Return of Bruno, кој го вклучува и хитот Respect Yourself. Тој објавил и верзија на песната Под дрвената патека на The Drifters, која достигна и до второто место на англиската топ 40 листа, иако во Америка не била толку популарна. Неколкупати потоа Вилис се навраќал на снимачкото студио. (Види Дискографија подолу)
1990-тите години Со улогата на Џон Маклејн во Умри машки, Вилис се стекнал со голем личен успех. По овој филм следуваат и Умри машки 2 во 1990 година и Умри машки со одмазда во 1995 година. Овие три дела од серијалот Умри машки имале меѓународна заработка од преку 700 милиони долари и го вовлекле Вилис во редот на Холивудските акциони ѕвезди.
Во почетокот на 1990-тите години, кариерата на Вилис се соочила со нагло опаѓање, глумејќи во утнати филмови како Оган од суети, Хадсон Хок, и други. Тој глумел како главна улога во високо сексуализираниот еротски трилер Бојата на ноќта (1994 година): уште едно промашување, кое било жестоко нападнато од критичарите, но сепак добро поминал на пазарот за домашни видеа и станал еден од топ 20-те најизнајмувани филмови во Соединетите Американски Држави во 1995 година.Billboard vol 108 No. 1 (1/6/1996) p.54.
Во 1994 година, тој играл споредна улога во докажаниот филм Евтини приказни на Квентин Тарантино, кој повторно ја издигнал неговата кариера. Во 1996 година, тој бил извршен продуцент на цртаниот филм Детето Бруно, со кој на некој начин се претставува и себеси. Тој продолжил со глумење на главните улоги во 12 мајмуни (1995 г.) и Петтиот елемент ( 1997 г.). Меѓутоа, кон крајот на 1990-тите години, неговата кариера повторно била загрозена со критички нападнатите филмови како Чакалот и Појадок за шампиони, за да биде пак, повторно спасена, овој пат со Армагедон во режија на Мајкл Беј, кој бил филм со најголема заработувачка за 1998 година. Истата година, неговиот глас и слика биле вклучени во Плејстејшн видео играта Апокалипса. Во 1999 година, Вилис играл во филмот на М. Најт Шијамалан, Шесто сетило. Овој филм доживеал големи успеси и помогнал повторно да се зголеми интересот за глумецската кариера на Вилис.
2000-2010 години
Во 2000 година, Вилис доби Еми наградаBruce Willis Emmy Award Winner . Emmys.com. Retrieved on June 8, 2012. за неговото учество во Пријатели (каде го глумел таткото на најмладата девојка на Рос Гелер). Исто така, во 2001 година бил номиниран за Американска награда за комичар, за неговото учество во Пријатели. Му била доделена и улогата на Тери Бенедикт во Единаесеттемина на Оушн (2001 г.), но се повлекол за да работи на снимање на албум. Тој накратко се појавува до Дванаесетмината на Оушн (2004 г.).
Во текот на неговата кариера, неколкупати гостувал во Доцнежното шоу со Дејвид Летермен. На 26ти февруари 2003 година, поради болест, тој го заменил Дејвид Летермен во неговото шоу, каде тој требало да биде само гостин. На повеќе наврати појавувајќи се во шоуто, Вилис исценирал комплицирани шеги, како на пример носел портокалов костим во чест на капиите на Централен парк, си ја направил едната страна од лицето со вештачки рани од сачма по застрелувањето од Хери Витингтон, и се обидувал се да го сруши рекордот во стоење под вода дваесет секунди (пародија на Дејвид Блејн).
На 12 април 2007 г., тој се појавил повторно, овој пат носејќи перика како пејачот Санџаја Малакар. Неговото последно појавување било на 25 јуни 2007 г. кога се појавил и носел мини-турбан заврзан на неговата глава, за да се надополни за шегата за неговиот сопствен измислен документарец насловен како Непривлечно претчувство. Вилис се појавува и во телевизиските реклами за јапонскиот модел на Субару Легаси.Archived at Ghostarchive and the : Поврзувајќи се на ова, Субару направиле ограничена линија на модели на Легаси, кои се симболизираат со Субару Легаси патуваат со Брус, во чест на Вилис.
Вилис се појавил во 4 филмови со Семјуел Л. Џексон. Тој работел и со неговата најстара ќерка Румер, во филмот Заложник (2005 г.). Во 2007 година, се појавува во трилерот Совршен странец, наспроти Хали Бери, во криминал/драмата Алфа Дог со Шерон Стоун, и го одбележува своето враќање со улогата на Џон Маклејн во Живеј слободно или умри машки. Подоцна, тој се појавува во филмовите Пикантни холивудски приказни и Сурогати, заснован врз стрип со истото име.
Вилис бил избран да го глуми американскиот генерал на војската, Вилијам Р. Пирс, во филмот Пинквил на режисерот Оливер Стоун, драма за истрагата за масакрот кај Ми Лај во 1968 г. Меѓутоа, поради штрајкот на американските сценаристи од 2007 година, филмот бил откажан. Кон почетокот на 2009 година, Вилис се појавува во рекламна кампања за да ја изнесе во јавноста промената на името на осигурителната компанија Норвич Унион во Авива.
Вилис глумел со Трејси Морган во комедијата Коп Аут, во режија на Кевин Смит, за двајца детективи кои ја истражуваат кражбата на бејзбол картичка. Филмот бил објавен во февруари 2010 година. Вилис се појавува и во музичкото видео на Горилаз за песната Стило. Тој, исто така, во 2010 година накратко се појавил во филмот Платеници со акционите глумци од 80-тите години, Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер. Вилис ја глумел улогата на господин Чурч. Ова е прво заедничко појавување на сцена на овие тројца славни акциони ѕвезди. Иако сцената на која се појавуваат тројцата глумци е многу кратка, сепак, таа е најочекуваната сцена од целиот филм. Тројцата глумци ја снимиле оваа сцена во празна црква на 24 октомври 2009 година.Stallone Shot a Scene with Arnold and Bruce News in Film Вилис потоа глумеше во RED кој се темели на истоимениот стрип, во кој тој го глуми Френк Мозис. Филмот е објавен на 15 октомври 2010 г.
Во Кралството на младата месечина (2012 г.), Вилис глуми покрај Бил Мари, Едвард Нортон и Франсес Мекдорманд. Филмот е сниман на Род Ајленд под режија на Вес Андерсон во 2011 година. Вилис се враќа во Платеници 2 (2012 г.), но овој пат со поголема улога. Тој се појавува и во научнофанатастичната акција Лупер (2012 г.), заедно со Џозеф Гордон-Левит, глумејќи го Џо (постара верзија од ликот на Гордон-Левит).
Вилис соработувал со 50 Cent во филм режиран од Дејвид Барет, глумејќи наспроти Џош Дуамел и Росарио Досон, во кој се раскажува за пожарникар кој мора да ја спаси љубовта на неговиот живот. Вилис се приклучува и на глумецската екипа од Винс Вон и Кетрин Зита-Џонс во филмот Обложи се на фаворитот на Стивен Фриарс од 2012 година, во кој се раскажува за една келнерка од Лас Вегас која ќе стане елитен професионален коцкар. И двата филма се дистрибуирани во Лајонсгејт Ентертејнмент.