Обичната зеленушка или само зеленушка () е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Родот Carduelis би можел да се подели, и во тој случај зеленушките би влегле повторно во својот стар род Chloris.

Птицата е распространета низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Претежно е постојан жител, но некои популации од северните делови се селат на југ. Оваа птица ја има во Македонија. Била населена во Австралија и Нов Зеланд, а во Малта се смета за престижна песнопојна птица која е припитомена и се чува од многу малтежани.

Chloris доаѓа од старогрчкото Khloros со значење на зелено или жолтозелено.

Опис Обичната зеленушка е долга 15 см и има распон на крилјата 24.5-27.5 см. Слична е по форма и големина на градското врапче, но е претежно зелено, со жолто на крилјата и опашката. Женките и младенчињата се побледи и имаат кафеавкави тонови на грбот. Клунот му е дебел и конусен. Пеењето се состои од чрчорење и чуруликање, а мажјакот изведува „пеперуга“ лет при претставувањето во сезоната на парење.

Поведение Живеалиштето на оваа птица се рабовите од шумите, живите огради меѓу нивите и градините со вегетација.

Гнездото го прават во дрвјата или грмушките и несат 3-8 јајца.

Вон сезоната на парење овој вид формира големи јата, понекогаш и со други видови. Се храни претежно со семиња и бобинки.

Наводи

Надворешни врски Обична зеленушка, виде, фотографии и звуци на Интернет колекцијата птици Возраст и пол (PDF; 5.8 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Ѕвингалки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј