Европско првенство во кошарка — главен настан во кошарка одржуван на две години на кој учествувааат машките кошаркарски репрезентации членки на ФИБА Европа, европското подрачје во рамките на Меѓународната кошаркарска федерација. Првенството првпат било одржано во 1935 година и вообичаено се одржува на секои две години од 1947 година; започнувајќи од 2017 година, ќе се промени на четири години. Од 2017 година, исто така ќе служи и како квалификациски турнир за Летните олимписки игри и Светското првенство во кошарка. Најуспешна земја е сега непостоечкиот Советски Сојуз со четиринаесет титули, додека Шпанија биле прваци во 2009 и 2011 година. Франција е најнеодамнешен првак, освојувајќи го Европското првенство во 2013 година.

Квалификации

24 европски екипи заземаат дел од крајниот настан. Квалификациите кои постоеле до Европското првенство во 2011 година дозволувале 16 екипи да настапат. Осум места биле пополнувани од домаќинот и првите седум земји на претходното првенство. Преостанатите екипи од дивизијата А настапувале во квалификациски турнир. Таму, биле поделувани во четири групи. Секоја група играла двојна тура. Првата екипа во секоја екипа се пласирала на првенството. Најдобрите три од четирите второпласирани исто така се пласирале.

Од десетте екипи кои не се квалификувале на квалификацискиот турнир, шесте најдобри добивале уште една шанса во дополнителни квалификации. Преостанатите четири се бореле за место на опстанок, бидејќи две екипи оделе во дивизијата Б (и биле заменувани од двете најдобри екипи од дивизијата Б).

Крајниот избор бил одредуван од дополнителен квалификациски турнир. Шесте екипи биле поделени во две групи од по три екипи, каде секоја група играла со секој двапати. Првата екипа во секоја група играла во финалето против најдобрата екипа од другата група; победникот го добивал последното место на првенството.

Формат на натпреварувањето

Евроското првенство користело различни формати на натпреварувањето, поаѓајќи од разигрување секој со секого еднаш во 1939 година до троен турнир, кој моментално се користи.

Моменталниот формар започнува со прелиминарна фаза. Дваесет и четирите квалификувани екипи се делат во четири групо од по шест екипи и секога група игра разигрување секој со секого. Најдобрите три екипи во секоја група (12 вкупно) напредуваат во следната фаза. Двете групи од по шест екипи во квалификациската фаза се мешавина од екипите на прелиминарните групи: групите А и Б ја создаваат група Е, додека групите Ц и Д ја создаваат група Ф. Резултатите од претходната фаза се пренесуваат, а секоја екипа игра еднаш против екипи од другата прелиминарна група во квалификациската група.

Најдобрите четири екипи во секоја екипа напредуваат во одлучувачката фаза. Се работи за турнир на исфрлање, каде се одигруваат и дополнителни натпревари за бронзениот медал за губитниците во полуфиналињата и за местата од петтото до осмото место за губитниците во четвртфиналињата.

Резултати

+ПрегледГодинаДомаќин (Финале)Натпревар за златен медалНатпревар за бронзен медалЗлатоРезултатСреброБронзаРезултатЧетврто место1935 (Женева)24–1825–231937 (Рига)24–2327–241939 (Каунас)Немало разигрување за места1946 (Женева)34–3238–321947 (Прага)56–3750–481949 (Каиро)57-361951 (Париз)45–4455–521953 (Москва)1955 (Будимпешта)1957 (Софија)1959 (Истанбул)83–7262–601961 (Белград)60–5355–461963 (Вроцлав)60–5389–611965 (Москва)58–4986–701967 (Хелсинки)89–7780–761969 (Неапол)81–7277–751971 (Есен)69–6485–671973 (Барселона)|78–67

|90–58

|1975 |align="left"| (Белград)

|- style="background:#D0E6FF;" |1977 |align="left"| (Лиеж) | |74–61

|91–81

|1979 |align="left"| (Торино) | |98–76

|99–92 | |- style="background:#D0E6FF;" |1981 |align="left"| (Прага) | |84–76

|101–90

|1983 |align="left"| (Нант) | |105–96

|105–70 | |- style="background:#D0E6FF;" |1985 |align="left"| (Штутгарт) | |120–89

|102–90

|1987 |align="left"| (Пиреја) | |103–101 продолжение

|98–87 | |- style="background:#D0E6FF;" |1989 |align="left"| (Загреб) | |98–77

|104–76

|1991 |align="left"| (Рим) | |88–73

|101–83 | |- style="background:#D0E6FF;" |1993 |align="left"| (Минхен) | |71–70

|99–59

|1995 |align="left"| (Атина) | |96–90

|73–68 | |- style="background:#D0E6FF;" |1997 |align="left"| (Барселона) | |61–49

|97–77

|1999 |align="left"| (Париз) | |64–56

|74–62 | |- style="background:#D0E6FF;" |2001 |align="left"| (Истанбул) | |78–69

|99–90

|2003 |align="left"| (Стокхолм) | |93–84

|69–67 | |- style="background:#D0E6FF;" |2005 |align="left"| (Белград) | |78–62

|98–68

|2007 |align="left"| (Мадрид) | |60–59

|78–69 | |- style="background:#D0E6FF;" |2009 |align="left"| (Катовице) | |85–63

|57–56

|2011 |align="left"| (Каунас) | |98–85

|72–68 | |- style="background:#D0E6FF;" |2013 |align="left"| (Љубљана) | |80–66

|92–66

|2015|align="left"| (Лил) (Рига) | |80–63'81–682017 (Лил) (Истанбул)93–8593–852021 (Берлин)|||

Табела на медали

мини|Карта на најдобри пласмани по земја.

Табелата на медали подолу ги прикажува националните репрезентациите според соодветна табела на ФИБА.

11434212+8541733216426311524410621257165128125891124101113111102110213101214013415011216010101010101190022 Total 38 38 38 114

Советскиот Сојуз (до 1992 г.) и Југославија (до 2006 г.) повеќе не постојат. Ниедна екипа не ги поседува нивните титули.

Наводи

Категорија:Европски првенства