Црно Село — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Бабино. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на мала висорамнина што доминира над околниот терен, оддалечен 1,5 км северозападно од селото, на површина од околу 2 ха, каде се среќаваат грамади од градежен материјал, а според кажувањето на месното население, биле откриени и гробови. По површната има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — тврдина од рано античко време; Бојано Лозје — некропола од раната антика; Вртешка — населба и топилница од доцната антика; Дуковска Крастица — топилница од доцноантичко време; Бабино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Бабино