мини|десно|Јарлунг Цангпо во Тибет. мини|десно|исправено|Брамапутра на зајдисонце во Дибругар Брамапутра (; )Реката има разни имиња на други јазици: ; , IAST: ; Јарлунг Цангпо; кинески упр. , трад. , — голема меѓународна река, една од најголемите во Азија.
Извира од ледникот Ангси на северната страна на Хималаите, во автономниот регион Тибет, каде е наречена Јарлунг Цангпо. Потоа тече низ јужен Тибет и се смолкнува низ Хималаите во големи клисури и влегува во Аруначал Прадеш (Индија), каде го носи името Диханг или Сјанг. Тече на југозапад низ Асамската Долина како Брамапутра и на југ низ Бангладеш како Џамуна. Пристигајќи во големата делта на Ганг, се спојува со реката Падма (главната растока на Ганг), а потоа и со Мегна, па завршува во Бенгалскиот Залив.
Со должина од 2.900 км, Брамапутра е стопански значајна река што се користи за наводнување и превоз. Просечната длабочина изнесува 38 м, а максималната достигнува до 120 м. Напролет, со топењето на снеговите, реката често се излева со катастрофални последици. Има просечен истек од 19.300 м3/с, но при поплава надоаѓаат количини од 100.000 м3/с.Водни ресурси на Бангладеш — ФАО Ова е класичен пример на испреплетена разгранета река, мошне склона кон преместување на коритото и авулзија. Претставува една од ретките реки во светот што имаат плимни бранови. Пловна е по речиси целото течение.
Сливот на реката ги опфаќа Хималаите источно од индиско-непалската граница, јужниот среден дел на Тибетската Висорамнина над сливот на Ганг, југоисточниот дел на Тибет, ридовите Паткај-Бум, северните падини на Медалајските Ридови, рамниците во Асам и северните предели во Бангладеш. Јужно од Тибет, сливот се одликува со големо количество на врнежи. Највисока планина во сливот е Кангченѕунга (8.586 м).
Горното течение на Брамапутра не било познато сè до експедицијата во 1884–86 г., кога е утврдено дека се работи за Јарлунг Цангпо. Поради ова, реката напати се нарекува Цангпо-Брамапутра.
Според хиндуизмот, долно течение на реката се смета за свето. Брамапутра на санскрит значи „Брамин син“.
Течение
Тибет
Реката извира од ледникот Ангси на северната страна на Хималаите во Тибет и го носи името Јарлунг Цангпо. Долга е 3.848 км, со сливна површина од 712.035 км2.
Асам и околината
Во Индија, реката влегува преку сојузната држава Аруначал Прадеш, каде е наречена Сјанг. Многу бргу се спушта од планинските предели и излегува на рамница, каде го носи името Диханг. По 35 км, во неа се влеваат реките Дибанг и Лохит на почетокот на Асамската Долина. Под Лохит, реката го добива името Брамапутра и влегува во сојузната држава Асам. Тука коритото во голема мера се проширува — на места и до 10 км. Кај Сонитпур ѝ се приклучува и реката Каменг.
Помеѓу Дибругар и Лакимпур, реката се дели на два канала. Северниот е наречен Керкутија, а јужниот го носи матичното име Брамапутра. Околу 100 км низводно, каналите се спојуваат, образувајќи го островот Маџули — во минатото, најголем речен остров на светот. Кај Гувахати, Брамапутра ги пресекува карпите на Шилоншката Висорамнина. Ова е најтесниот дел од течението, со само 1 км меѓу бреговите.
Пределите со плавни рамници на Брамапутра во Асам се сметаат за посеобен екорегион, наречен „Полузимзелени шуми на долината на Брамапутра“.
Бангладеш Во Бангладеш, на Брамапутра и се придружува притоката Тиста. Подолу реката се дели на растоки. Западниот ракав, кој го носи најголемиот дел од водата, продолжува на југ под името Џамуна и се влева во долното течение на Ганг, наречено Падма (бнг. Пода). Источниот ракав (кој порано бил доста поголем) се нарекува Долна или Стара Брамапутра (бнг. Бромопутро). Се извива во југоисточен правец и се влева во реката Мегна кај Дака. Падма и Мегна се спојуваа кај Чандпур и се влеваат во Бенгалскиот Залив. Овој последен дел од реката се нарекува Мегна.
Во минатото, долното течение на Брамапутра било поинакво, минувајќи низ окрузите Џамалпур и Мајмансинг. Во 1762 г. подрачјето го погодило земјотрес со јачина од 7,5 степени, па главниот канал кај Бахадурабад се пренасочил кон југ и се отворил како Џамуна поради тектонското издигање на мадупурскиот пределен појас.http://www.scirp.org/journal/PaperDownload.aspx?paperID=1295
Делтата на Ганг се напојува од повеќе реки, вклучувајќи ги Ганг и Бранапутра. Со површина од 59.570 км2, ова е најголемата речна делта во светот.
Поврзано Делта на Ганг Список на реки во Индија Список на реки во Бангладеш
Наводи
Rahaman, M. M. & Varis, O. 2009. Integrated Water Management of the Brahmaputra Basin: Perspectives and Hope for Regional Development, Natural Resources Forum, Vol. 33, No. 1. pp. 60–75. .
Надворешни врски
Причинители за поплавите на Брамапутра Моќната Брамапутра
Категорија:Реки во Азија Категорија:Реки во Индија Категорија:Реки во Бангладеш Категорија:Реки во Кина Категорија:Реки во Тибет Категорија:Асам Категорија:Ганшки слив Категорија:Меѓународни реки во Азија Категорија:Бенгалски Залив