Христијанството во Буркина Фасо е една од двете најголеми религии во државата. Другата е Исламот, која е нешто поголема од Христијанството. Двете религии се под силно влијание на анимизмот и локалните религии. Проценките велат дека од 20 до 30 проценти од населението на државата се Христијани. Популарна буркинска изрека вели дека „50% од населението се Христијани, 50% се Муслимани, а 100% Анимисти“. Ова ја покажува религиската слика на државата на сликовит начин.

Состојба Најголема христијанска црква во државата е Римокатоличката црква, која започнала со работа во 1900 година. Таа има добар раст во однос на бројот на нови верници, каде се забележуваат 12.000 нови верници секоја година. Најголем успех има меѓу народот Моси.

Римокатоличка црква Римокатоличката црква е најголема црковна организација во земјата и е поделена на:

Архибискупија Бобо-Диуласо Бискупија Банфора Бискупија Дедугу Бискупија Диебугу Бискупија Гауа Бискупија Нуна Архибискупија Купела Бискупија Дори Бискупија Фада Нгорма Бискупија Каја Бискупија Тенкодого Архибискупија Уагадугу Бискупија Кудугу Бискупија Манга Бискупија Уаигуја

Наводи

Поврзано Буркина Фасо Религија во Буркина Фасо Христијанство

Надворешни врски Буркина Фасо на sim.org Буркина Фасо на operationworld.org

*