Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е синдикален сојуз во Република Македонија. Тој е наследник на синдикалниот сојуз од времето на комунизмот. Во него членуваат 18 грански синдикати. Од март 2015 година ССМ е полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати,„ССМ полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати“, „Идивиди“, 11 март 2015. а од февруари 2011 година - придружна членка на Светската конфедерација на слободните синдикати.„ССМ и КСС придружни членки на Светската конфедерација на синдикати“, „Идивиди“, 28 март 2011. Од 14 август 2017 година претседател на ССМ е Дарко Димовски.
При утврдувањето на претставителноста на ССМ, во 2015 година констатирано е дека ССМ има 66.386 членови кои плаќале членарина,Решение за утврдување на претставителност на синдикат на ниво на јавен сектор, Решение за утврдување на претставителност на синдикат на ниво на приватен сектор од областа на стопанството заради учество во колективно договарање на ниво на приватен сектор од областа на стопанството, Службен весник на РМ, 185/15, 35 стр. додека во 2010 година констатирано е дека броел 75.997 членови кои плаќале членарина, што претставувало 17,47% од вкупниот број на вработени во Република Македонија.Решение за утврдување на претставителност на синдикат за територијата на Република Македонија, Службен весник на РМ, 105/10, 19-20 стр. Претходно, во 2009 бројот на членови изнесувал околу 115.000.Mare Anceva "Labour Relations and Social Dialogue in Macedonia in 2009" Во 1993 година ССМ броел 364.000 членови и опфаќал 70% од вработените.С. Кираџиевска „Борба за подостоинствен труд, а не за власт“, „Нова Македонија“, 11 ноември 1993, 3 стр.
Историја
ССМ е основан на Првиот земски синдикален конгрес на работниците и намештениците на Македонија, кој се одржал во Скопје на 18-21 август 1946 година. Во времето на комунизмот ССМ е единствениот синдикат што постои и делува во тесна врска со Сојузот на комунистите на Македонија.
По падот на комунизмот, ССМ се прилагодува на новите услови на делување и на својот 14-ти конгрес во 1993 година донесува нов Статут и Програма за работа.
Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. Како резултат на овој судир во јули истата година СОНК се отцепи од ССМ„Цветановски обвинува дека Синдикатот се претворил во рекетарска организација“ , „Утрински Весник“, 18 јули 2005. и на 28 декември 2005 година дојде до формирање на нов синдикален сојуз, на Конфедерацијата на слободни синдикати.
Во декември 2011 година Синдикатот на одбраната и безбедноста (со околу 2.500 членови) ја напушти КСС и стана член на ССМ.„Синдикатот за одбрана нов конститутивен член на ССМ“, ССМ.
Во септември 2015 година Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) е исклучен од ССМ.Маја Томиќ, „Упад во Синдикатот за образование“, „Утрински Весник“, 22 септември 2015.
Во ноември 2016 година на седница на Советот на ССМ е донесена одлука за разрешување на Живко Митревски од позицијата Претседател на ССМ,„Живко Митревски сменет од позицијата претседател на ССМ“ , „Фокус“, 23 ноември 2015. по што тој, во декември 2016 година, издејствува одлука на органите на ССМ за исклучува на четири грански синдикати од составот на ССМ:Мирко Трајановски, „Четири синдикати исклучени од ССМ“, „Телма“, 29 декември 2016. СУТКОЗ, УПОЗ, СИЕР и Агро Синдикатот.
Во август 2017 година Дарко Димовски официјално ја презел функцијата претседател на ССМ.Дарко Димовски нов претседател на ССМ
Членки на ССМ
Синдикат на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ) Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО) Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ) Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита (ССЗФСЗ) Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) Синдикат на хемија и неметали (СХНМ) Македонски полициски синдикат (МПС) Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници (СПТРМ) Синдикат на работниците од шумарството и дрвната индустрија (СРШДИ) Синдикат на работниците од графичката, информативната, филмската и издавачката дејност и производство на хартија (ГИФИХ) Синдикат на работниците од трговијата (СРТ) Синдикат на работниците од финансиските дејности (СФДМ) Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ) Синдикатот на одбраната и безбедноста
Досегашни претседатели на ССМ Аспарух Корубиноски Димитрие Алексиески – Пекар Ацо Ицев Борко Темелковски Страхил Гигов Боге Кузмановски Благоја Талески Павле Давков Џемаил Вејсели Ѓорѓи Узуновски Ванчо Близнаковски Александар Донев Васил Костојчиновски Мирослав Георгиевски Светозар Василевски Живко Толевски Ванчо Муратовски Живко Митревски Љубиша Каранфиловски
Наводи
Литература Орде Иваноски и др. „Историја на синдикалното движење во Македонија“, Сојуз на синдикатите на Македонија, Скопје, 2008.
Надворешни врски Официјална страница на ССМ
Категорија:Синдикати во Македонија Категорија:Сојуз на синдикатите на Македонија