Долната носна школка () претставува тенка коскена плочка која наликува на школка. Долната носна школка претставува парна коска на лицето. Споеви Нејзиниот горен раб е споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска формираат долен носен ходник. Површини Медијална површина е конвексна со бројни отвори за премин на крвни садови и нерви. Странична површина е конкавна и формира дел од инфериорниот отвор. Осификација Долната носна школка се појавува околу петтиот месец на фетусот во латералниот ѕид на 'рскавичната носна капсула. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски