Јазиците во Луксембург е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Луксембург, официјално е тројазична држава. Државата има три официјални јазика, луксембуршки, германски и француски. Луксемуршкиот е национален јазик на државата.
Сè до независноста на државата, францускиот бил престижен јазик во Луксембург. Францускиот бил службен јазик на територијата на Војводството. Германскиот се користел во политичкиот круг само како помошен, за да се стекне поголем консензус за законите кои се донесувале. Германскиот се користел во образованието, а францускиот само во средното образование. Со законот од 26 јули 1843 година и францускиот се вовел во основото образование.
Службени јазици
Во државата службени јазици се луксембуршкиот, германскиот и францускиот. Германскиот и францускиот се користат во новинарството, јавните услуги и полицијата.
Сè до 1984, јазичната политика во државата се засновала на декретите од 1830, 1832 и 1834. Со нив, во администрацијата се користеле германскиот и францускиот, а луксембуршкиот немал службен стгатус.
Со уставните измени од 1984, луксембуршкиот се именувал како национален јазик и се поставил како еден од трите официјални јазика во државата. Францускиот останал како јазик на правосудството поради употребата на Наполеонскиот граѓански код во Луксембург.
Луксембуршки јазик Луксембуршкиот јазик се изучува во претшколската возраст, а во училиштата и францускиот и германскиот. Во средното образование, само во прва година и само по еден час се учи на луксембуршки. Покрај другите два јазика, во средните училишта се изучуваат и англиски, шпански, италијански или латински.
Германскиот и францускиот јазик Иако германскиот е еден од службените јазици во државата, Луксембург не бил дел од Советот за германскиот правопис од 1996 и самостојно новиот германски правопис бил воведен на територијата на Луксембург. Според весникот Luxemburger Wort, Луксембург не се смета себеси за држава каде се зборува германскиот јазик (национален јазик е луксембуршкиот) и според тоа нема право на учество во советот.Luxemburger Wort, 9. August 2004 Сепак, Луксембург зема учество во Фракофонијата и има член во Француската академија, иако како и германскиот и францускиот е само службен јазик.
Останати јазици Во државата се зборуваат и други јазици, но тие се доселенички.
Странски јазици Најзборувани странски јазици во државата се англискиот, шпанскиот и италијанскиот.
Статистика
Мајчин јазик и втор јазик на граѓаните во Луксембург:Europeans and their Languages – Eurobarometer луксемуршки француски германски англиски други мајчин јазик 77% 6% 4% 1% 12% втор јазик 13% 90% 88% 60% комбинирано 90% 96% 92% 61%
Наводи
Поврзано Луксембург Демографија на Луксембург
*