мини|десно|Бели каранфили обрабени со црвено мини|десно|исправено|Каранфили на слика од Пјер Жозеф Редуте Градинарски каранфил или само каранфил () — на цветно растение од родот каранфил (Dianthus). Веројатно потекнува од Средоземјето, но не постојат поточни сознанија бидејќи се одлегува на многу места веќе 2.000 години.Med-Checklist: Dianthus caryophyllusFlora Europaea: Dianthus caryophyllusBlamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. ISBN 0-340-40170-2Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
Ова е тревесто повеќегодишно растение што достигнува 80 см во височина. Листовите му се сивозелени до синозелени, тенки и долги до 15 см. Цветовите никнуваат единечно или до пет во соцветие. Имаат пречник од 3–5 см и пријатен мирис. Изворната боја на цветовите е светла розововиолетова, но денес постојат разни сорти во многу бои како црвена, бела жолта и зелена.Flora of NW Europe: Dianthus caryophyllus Постојат и варијанти без мирис, кои се користат како украс за закачување на машки палта.
Одгледување Цвеќето бара добро исцедена и неутрална до помалку алкална почва и целосна изложеност на сонце. Постојат голем број на сорти во градинарството сорти.
Најголем произведувач на каранфили во светот е Колумбија.
Симболика Каранфилот начелно симболизира љубов, восхит и особеност, но постојат и други значења, во зависност од бојата.
Заедно со црвената роза, црвениот каранфил социјализмот и работничкото движење. Се носи на паради и демонстрации на Меѓународниот ден на трудот (1 мај), како и во спомен на паднатите борци во НОВ. Во Португалија, светлоцрвениот каранфил го претставува воениот удар за слобода против фашистичкиот режим во 1974 г., наречен „Каранфилска револуција“. Розовиот каранфил има најдолга историја на симболизам. Според едно христијанско предание, каранфилите се појавиле на светот кога Богородица го оплакувала Исус додека го носи крстот и израснале на местата кајшто паѓале нејзините солзи. Оттука, каранфилот е симбол за мајчинската љубов за своето чедо. Студентите на Оксфордскиот универзитет носат каранфили на сите испити: бел на првиот, црвен на последниот и розов на сите измеѓу. Каранфилот е државно цвеќе на Охајо во САД.
Поврзано Каранфилче — несродно растение што се користи како мирудија Каранфилска револуција Ендемски каранфили на Македонија
Наводи
Надворешни врски
Огледување на каранфил — „Холма“ Страница за каранфилот — портал „Сè за домот“
Категорија:Каранфил Категорија:Градинарски растенија Категорија:Цвеќиња Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година