Сува Река — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува сакрален објект и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во подножјето на тврдината на наоѓалиштето Кале, каде при изградбата на патот за селото Боиште биле откриени остатоци од црква и некропола. Зафатен е југозападниот дел на објектот, односно јужниот дел од нартексот. Заводот и музеј од Битола извршил заштитно ископување. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од тегули, бигор и друг градежен материјал. Североисточно од црквата се откриени гробови од камени плочи - тип циста, а најдена е и надгробна стела од бел мермер со старогрчки натпис која се чува во селската продавница.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Стара Корија — црква од средниот век; Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Сува Река — населба и топилница од доцноантичко време; Обедник; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Обедник