Старо Село или Мала Маска — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Прибилци. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на просторот на сегашното село, каде при изградбата на куќите биле откривани темели од објекти и гробови градени од камени плочи. Според мештаните, на тоа место се наоѓало старото село.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Над Селото — црква и некропола од средниот век; Стара Раслојца — населба од средниот век; Самоникојца — топилница од доцноантичко време; Прибилци; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Прибилци