Светите Кузман и Дамјан, наречени Свети Бессребреници — христијански маченици, по занимање лекари, бессребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Арабија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцлување на разни болести, и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бессребреници.

Наводи

Категорија:Православни светци Категорија:Древноисточни светци Категорија:Бессребреници Категорија:Чудотворци Категорија:Починати во 287 година