Јака Блажич (р. во Јесенице) — словенечки кошаркар. Тој игра на позицијата бек и моментално настапува за српска Црвена ѕвезда.
Кариера Професионалната кариера ја започнал на 17 години во Триглав од Крањ каде што поминал две сезони. Во 2009 година, Блажич преминал во екипата на Геоплин Слован во која исто така се задржал две години. Во сезоната 2011/12 тој потпишал за словенскиот шампион, Унион Олимпија и дебитирал во Јадранската лига во која по просек отстварувал 9 бода по натпревар, а исто така го стекнал и првото евролигашко искуство. Во дресот на Унион Олимпија, Блажич на двапати успеал да го освои кошаркарскиот куп на Словенија. Од 2011, Блажич три сезони по ред бил дел од Ол-стар тимот на словенското првенство, а во 2013 бил прогласен за најкорисен играч во првенството. На 18 јуни 2013 година, Блажич потпишал тригодишен договор со Црвена ѕвезда.
Тој исто така бил дел и од репрезентацијата на Словенија на Евробаскетот 2013 кој се одржал во Словенија, на кој словенската репрезентација го освоила петтото место.
Наводи
Надворешни врски Профил на Euroleague.net https://www.youtube.com/watch?v=kaZClbnOcPM
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Словенечки кошаркари