Икер-Рандов () — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на некогашните окрузи Пазевалк, Икерминде и дел од округот Штразбург. На 4 септември 2011 бил припоен кон новиот округ Западна Померанија-Грајфсвалд.

Соседни окрузи му биле (од југ надесно) Укермарк во Бранденбург, Мекленбург-Штрелиц и Источна Западна Померанија. На исток се наоѓало Западнопоморското Војводство во Полска.

Грб

120п|ГрбГрбот прикажува грифон лево и орел на десната страна. Грифонот е симбол на Померанија, додека орелот е симбол на Бранденбург. Историски, територијата на округот била поделена помеѓу овие две држави. Кулата во средина ја претставува големата кула во Пазевалк, административното седиште на округот. Брановитите линии долу се за двете главни реки (Икер и Рандов), од кои потекнува името на округот, како и за Шчеќинскиот Залив во Балтичкото Море.

Градови и општини

Слободни градовиПазевалк Штрасбург Икерминде Општински заедници1. На Шчеќински Залив Албек Алтварп Егезин1, 2 Грамбин Хинтерзе Леополдсхаген Липгартен Либс Луков Мајерсберг Менкебуде Торгелов-Холендерај Фогелзанг-Варзин2. Лекниц-Пенкун Бергхолц Бланкензе Бок Глазов Грамбов Краков Лекниц1 Надрензе Пенкун2 Плевен Рамин Росов Ротенклемпенов 3. Торгелов-Фердинандсхоф Алтвигсхаген Фердинандсхоф Хамер на Икер Хајнрихсру Хајнрихсвалде Ротемил Торгелов1, 2 Вилхелмсбург4. Икер-Рандов-Тал[седиште: Пазевалк] Блуменхаген Брициг Дамеров Фаренвалде Грос Луков Јацник Клајн Луков Кобленц Кругсдорф Ниден Папендорф Полцов Ролвиц Шенвалде Фирек Церентин Цизедом1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

Официјална страница Регионална туристичка страница Туристичка страница

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија