Коренот на дланката () е составен од осум коски распоредени во два реда и служи за поврзување на дланката со подлактицата. Коски во првиот ред Од палецот кон малиот прст во горниот ред се наоѓаат коските: чунеста коска(), полумесечеста коска (), триаглеста коска () и грашковидна коска (). Чунеста коска Чунестата коска () е сместена меѓу раката и подлактицата на палецот од страна на рачниот зглоб (странична или радијална страна). Полумесечеста коска Полумесечестата коска () е сместена во центарот на проксималниот ред на карпалниот зглоб на раката. Името на коската произлегува од латинскиот збор луна (), што значи месечина. Tриаглеста коска Триаглестата коска () се наоѓа во зглобот на медијалната страна на проксималниот ред на карпалниот дел помеѓу полумесечестата и грашковидната коска, се поврзува со грашковидната, кукестата и полумесечестата коска. Грашковидна коска Грашковидната коска () е мала коска која наликува на зрно грашок, сместена е на проксималниот ред на карпалниот дел, се спојува единствено со триаглестата коска. Коски во вториот ред Во вториот ред се наоѓаат коските: трапезна коска (), трапезоидна коска (), главеста коска () и кукеста коска (). Трапезна коска Трапезната коска () е прва коска сместена во дисталниот ред на карпалниот дел, се поврзува со трапезоидната коска. Трапезоидна коска Трапезоидната коска () е најмала коска во дисталниот ред, се поврзува со трапезната, главестата коска и со метакарпалнните коски. Главеста коска Главестата коска () е најголема коска на коренот на дланката, сместена е во дисталниот ред на карпалниот дел и се поврзува со трапезната, кукестата коска и метакарпалните коски. Кукеста коска Кукестата коска () наликува на кука и затоа се нарекува кукеста, во горниот дел се спојува со триаглестата коска, а во долниот дел со четвртата и петтата метакарпална коска. Зглобови Зглобовите на коренот на дланката овозможуваат поврзување на коските од првиот и вториот ред, поврзување помеѓу самите коски и поврзување со метакарпалните коски, како и поврзување со коските од подлактицата; радиокарпален зглоб () ги зглобува долните краеви од палечната и лакотната коска со чунестата, полумесечестата и триаглестата коска од коренот на шаката; медиокарпален зглоб () ги зглобува горниот и долниот ред на карпалните коски. Двата зглоба функционираат како елипсовиден зглоб каде што се вршат движења на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на дланката; интеркарпални зглобови меѓусебно ги поврзуваат карпалните коски, а по функција се рамни зглобови; карпометакарпални зглобови го поврзуваат долниот ред од карпалните коски со горните краеви од метакарпалните коски, со исклучок на зглобот од палецот кој е седлест другите четири зглоба се полуподвижни. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски