Конкеринг лајон (англиски: Conquering Lion) — македонска реге група.
Животопис "Conquering Lion" е група која е оформена и работи во Тетово.
Творештво Во 2013 година, групата имала забележителни настапи на музичкиот фестивал "In Music" во Загреб, а свирела и како предгрупа на скопскиот концерт на Ману Чао. Најпосле, на 22 ноември 2013 година, групата го објавила својот трет албум "Revelation" (Откровение), кој бил издаден под етикетата на издавачката куќа "Пасворд", a албумот бил објавен во дигитална форма, со можност за бесплатно преземање од интернет-страницата на издавачот "Exit Label". На албумот, покрај другите песни, се застапени две соработки: едната со музичарот од Јамајка, Доналд Минот, а втората со српскиот музичар Дарка Рајиќ. Снимател на албумот е Ивица Јанкуловски, а миксот е дело на Фредерик Луно."Албумот на "Конкеринг лајон" објавен од Егзит лејбл", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 25. На 25 јануари 2014 година, во музичката продавница "Југотон" во Скопје, "Конкеринг лајон" го промовирале видео-спотот за песната "Trickster's End". Спотот бил снимен на повеќе локации: Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора и во него се прикажани моменти од патувањата и концертите на групата. Снимател на спотот е Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се дело на Милан Тоциновски - Сако."Нов спот за "Конкеринг лајон" за Trickster's End", Дневник, год. XVII, бр. 5373, петок, 24 јануари 2014, стр. 23.
Галерија
Наводи
Категорија:Македонски рок-групи Категорија:Македонски реге-групи Категорија:Тетовски Рок групи