мини|Метално копче со лого Човек од челик на кошула Човек од челик (англиски: Man of Steel) — американски суперхеројски филм режисиран од Зак Снајдер, продуциран од Кристофер Нолан и напишан од страна на Давид С. Гојер. Заснован на ликот Супермен од „DC Comics“, филмот претставува одново стартување на филмскиот серијал „Супермен“ којшто ја предава приказната за потеклото на ликот. Главна улога во филмот ја има Хенри Кавил, заедно со Ејми Адамс како Лоис Лејн, Мајкл Шенон како Генерал Зод, Дајан Лејн како Марта Кент, Кевин Костнер како Џонатан Кент, Лоренс Фишберн како Пери Вајт и Расел Кроу како Џор-Ел. „Човек од челик“ дава филмска слика на заедничката измислена вселена на ликовите од „DC Comics“.
Почетоците на филмот започнале во 2008 кога „Warner Bros.“ презел идеи од автори на стрипови, сценаристи и режисери, решавајќи повторно да ја стартуваат франшизата. Во 2009, една судска одлука завршила со тоа што семејството на Џери Сигел повторно ги освоило правата за потеклото на „Супермен“ и авторските права на Сигел. Во одлуката се истакнало дека „Warner Bros.“ не им должи на семејствата дополнителни авторски надоместоци за претходните филмови, но доколку не ја започнале продукцијата на филмот за „Супермен“ до 2011 година, тогаш компанијата на Шустер и Сигел би можеле да ги тужат поради изгубен приход поради непродуциран филм. По дебатирањето околу приказната за „Подем на црниот витез“, Нолан ја презентирал идејата на Гојер и Снајдер бил ангажиран како филмски режисер во октомври, 2010 година. Главното снимање започнало во август 2011 година во Западен Чикаго, Илиноис, а подоцна продолжло и во Венкувер и Плано, Илиноис.
На 10 јуни 2013 во Њујорк, САД се одржала премиера на црвен тепих на филмот „Човек од челик“ на која присуствувале главните глумци. На 14 јуни 2013 филмот бил пуштен и имал добивка од 668 американски долари во светски рамки. Некои критичари го пофалиле филмското раскажување, глумење, визуелните ефекти и преоткривањето на номиналниот лик, додека пак другите биле критични поради темпото на филмот и недоволно развивање на ликовите. Продолжеток на овој филм, Бетмен против Супермен: Зора на правдата бил објавен на 25 март 2016 година.
Дејство
Планетата Криптон се соочува со неизбежно уништување поради своето нестабилно јадро, што резултирало во исцрпување на природните ресурси на планетата. Воениот командант на планетата, Генерал Зод и неговите следбеници го отстрануваат владеачкиот Совет за време на воен удар. Знаејќи дека користењето на вештачко контролирање на популацијата ја има уништено нивната цивилизација, научникот Џор-Ел и неговата жена Лара го лансираат нивниот новороден син Кал-Ел; кој по неколку векови тој е првото природно родено криптонско дете; во вселенски брод за Земја претходно ставајќи го генетскиот кодекс на целата криптонска раса во неговите клетки. Откако Генерал Зод го убива Џор-Ел, тој и неговите следбеници се фатени и протерани во Фантомска зона. Сепак, по експлодирањето на Криптон, тие се ослободуваат од неа.
Вселенскиот брод на Кал-Ел слетува во Смолвил, мал град во Канзас. Тој е одгледан како посвоениот син на Џонатан и Марта Кент, кои му даваат име - Кларк. Криптонската физиологија на Кларк му овозможува да има натчовечки способности на Земјата, кои првично предизвикуваат збунетост и прогонување. Сепај, тој постепено учи добро да ги искористува неговите моќи и да им помага на луѓето. Кога Кларк е тинејџер Џонатан му кажува дека тој е вонземјанин и го советува да не ја користи неговата сила јавно, плашејќи се дека општеството ќе го одбие.
По смртта на Џонатан, возрасниот Кларк неколку години живее номадски живот, работејќи различни работи под друг идентитет, меѓувремено потајно спасувајќи луѓе, но и мачејќи се да се справи со губењето на неговиот посвоен татко. Кларк евентуално се инфилтрира во една воена американска истрага за еден извиднични вселенски брод од Криптон во Арктикот. Кога Кларк ќе влезе во вонземјанскиот брод, ќе може да комуницира со зачуваната свест на Џор-Ел во форма на холограм. Џор-Ел му го кажува потеклото на Кларк, неговата приказна и истребувањето на неговата раса, и му кажува на Кларк дека тој е испратен на Земја за да им донесе надеж на човештвото за подобра иднина. Лоис Лејн, новинарка за весникот на Дејли Планет од Метрополис, која е испратена да напише приказна за пронајдокот, скришно влегува во бродот додека го следи Кларк и тој ја спасува кога таа ќе се повреди. Уредникот на Лоис, Пери Вајт, ја одбива нејзината приказна за суперчовечки спасувач, па таа трага по Кларк назад во Канзас со намера да напише разоткривачка приказна (експозѐ). Откако ќе ја слушне неговата приказна, таа ќе одлучи да не ја открие неговата тајна.
Во меѓувреме, Зод и неговата екипа пребаруваат други планети што криптонската раса ги колонизирала пред многу време. Сепак, ни една од тие колонии не преживеала откако Криптон ги напуштил. На крај, Зод и останатите ќе примат сигнал за помош од бродот што Кларк го открил на Земјата. Зод пристигнува на Земја и бара луѓето да го предадат Кал-Ел, во кого тој верува дека го има кодексот, или пак ќе ја уништат Земјата. Кларк се согласува и војската, по барање на Зод, го предава него и Лоис на втората по ранг Фаора. Зод открива дека неговата намера е да искористи светска машина за преобразување на земјата за да ја направи Земјата - нов Криптон и да го искористи кодексот за повторно да ја насели планетата со генетски манипулирани Криптонци. Сепак, процесот на преобразување на земјата ќе заврши со истребување на човештвото поради многубројните еколошки промени, правејќи ја планетата непогодна за живеење за оние родени на Земја. Кларк и Лоис со помош на Џор-Ел бегаат од бродот на Зод, Кларк ја поразува Фаора и еден друг Криптонец, и ја убедува војската дека тој е нивен сојузник. Зод ја поставува светската машина во Метрополис и преку Индискиот Океан и го започнува процесот на зголемување на Земјината маса и атмосфера.
Кларк, сега наречен „Супермен“, ја уништува светската машина, додека пак војската го искористува вселенскиот брод што него до донел за Земјата за воздушен напад на бродот на Зод над Метрополис, испраќајќи ги вонјниците на Зод назад во зоната на фантоми. Супермен го уништува бродот што ја носи генетската комора, што е клучната технологија за враќање на Криптонската раса со кодексот. Само Зод преостанува и тој го предизвикува Супермен на уништувачка борба низ Метрополис користејќи ги неговите ново развиени моќи. Кога Зод ќе се обиде да ги убие приклештените цивили како одмазда за неговиот пораз, Супермен е приморан да му го скрши вратот и го убива. Малку подоцна, Супермен ја предупредува владата дека, ако таа ја сака неговата помош, тогаш тоа ќе биде под негови услови. За да направи лажен лик кој ќе му даде пристап во опасни ситуации без да поткрене сомневање, Кларк се вработува како репортер во Дејли Планет.
Улоги
thumb|десно|150п|Хенри Кавил на премиерата во Сиднеј во јуни 2013 година thumb|десно|150п|Ејми Адамс на премиерата во Џерси thumb|десно|150п|Расел Кроу на премиерата во Џерси Хенри Кавил како Кал-Ел/Кларк Кент/Супермен: Криптонец чии родители го испратиле на Земјата како новороденче за да го одбегне уништувањето на неговата родна планета Криптон. Тој е одгледан од фармерите Марта и Џонатан Кент во Смолвил, Канзас. Одгледан под морално водство од неговите посвојни родители и инспириран од холограмска порака од неговиот починат татко, тој станува најголемиот заштитник на Земјата. Супермен е прикажан како да има 33 годиниSuperman states that he has been on Earth for 33 years when he is in FBI custody., барем кога е пронајден, во сегашноста на филмот. Кавил е прв британски и неамерикански глумец кој го игра ликот. Тој претходно имал улога во „Супермен: лет покрај планета“, кој на крај проектот бил откажан, и бил предвид за улога во филмот од 2006 година - „Супермен се враќа“, но улогата ја добил Брандон Рут. Кавил изјавил дека: „Постои вистинска приказна позади ликот на Супермен“. Тој објаснил дека целта на секого е да се истражат тешкотиите со кои се справува нековиот лик што е како последица од имање на повеќе идентитети - вклучувајќи го неговото родено име, Кал-Ел, и неговото второ јас (алтер его), Кларк Кент. Кавил исто така изјавил дека „само тој е таков и не постои никој како него“ мислејќи на фигурата на Супермен. „Мора да е страшно и тажно чувството, да не знаеш кој си или пак што си и да се обидеш да ја најдеш смислата. Каде е твојата основа ? Што е твојата инспирација ? До каде е границата на моќта што ја поседуваш ? Тоа само по себе е неверојатна слабост“. Во едно интервју за списанието на Тотал Филм, Кавил изјавил дека тој внесувал околу 5000 калории дневно, тренирал повеќе по два часа дневно и земал белковини со цел да ја зголеми мускулната маса. Џо Манганиело бил разгледан за улогата, но не можел да изготви датум на аудиција за директорот на кастингот поради закажување на обврските со Вистинска крв.Дилан Спрејбери го играл ликот на 13-годшниот Кларк Кент, додека пак 11-годишниот Купер Тимберлајн ја има улогата на 9-годишниот Кларк Кент.
Ејми Адамс како Лоис Лејн: Репортер за весникот на Дејли Планет и заљубена во Кларк Кент. Адамс била одберена од список на глумици во која биле и Оливија Вајлд и Мила Кунис. „Имаше големо, огромно пребарување за Лоис“, рече Снајдер, „За нас тоа била битна работа и очигледно многу значајна улога. Имавме многу аудиции, но имавме еден состанок со Ејми Адамс и подоцна јас почувствував дека таа е совршена за оваа улога“. Адамс трипати била на аудиција за оваа улога: еднаш за непродуцираниот филм „Супермен: Лет покрај планета“, вториот пат за „Супермен се враќа“ пред да ја добие моменталната улога. Во март, 2011 се потврдило дека Адамс ќе ја игра улогата на Лоис Лејн. Додека ја објавувала улогата, Снајдер во една изјава рекол: „Нам ни е драго да објавиме дека улогата била доделена на Ејми Адамс, една од најразновидните и најпочитуваните глумици во филмската индустрија денес. Ејми го поседува талентот да ни ги прикаже сите особености на Лоис кои ние ги сакаме: паметна, цврста, смешна, топла, амбициозна и, се разбира, убава“. На претставувањето на Лоис Лејн, Адамс изјавила дека филмот ќе прикаже една Лоис Лејн која е „независна, енергетична жена ... но која живее во многу препознатлив свет“. Адамс изјавила дека „Таа станала претежно слободен новинар, некој кој сака да остави впречаток. Природата на самиот бизнис со весници многу е сменета. Дури е и понапната“.
Мајкл Шенон како Генерал Зод: Криптонски генерал и мегаломан со истите супер сили како Супермен. За улогата се разгледувал и Виго Мортенсен. Снајдер изјавил: „Зод не е само еден од најзастрашувачките непријатели на Супермен, туку еден од најзначајните, бидејќи тој има сознанија за Супермен што другите немаат. Мајкл е моќен глумец кој може да ја изрази и интелигенцијата и злобата на ликот, што го прави совршен за улогата“. Кога го прашале Гојер зошто Зод била избран за негативец во филмот, тој изјавил: „Начинот на кој јас и Кристофер Нолан им приваѓаме на филмовите не е како „Еј, кој негативец ќе биде совршен за овој филм?“ туку вие мора прво да започнете со приказна; Каков вид на приказна? Каков вид на тема сакате да раскажете? Така да ние работевме на тоа. Тогаш, злосторникот станува јасен во смисла на тоа кој ќе биде соодветниот антагонист (противник, конкурент, соперник ) за тоа. Кога вие ќе го видите филмот ќе сфатите дека единствените негативци кои можевме да ги искористиме беа Зод и Криптонците. Она што сакам да кажам е ако видите што е приказната, тогаш, ништо друго не би имало смисла“. Шенон исто така коментирал за неговиот приказ во споредба со приказот на оригиналниот глумец на Зод - Теренс Стамп: „Да се следи иконската изведба на Теренс Стамп во оригиналот е застрашувачки, но јас едноставно се фокусирав ден за ден. Она што е интересно е кога почнавме со ова, трениравме многу време заедно и јас мислам дека тоа како да ми помогна малку да се опуштам. На крајот на краиштата ова е доста физички филм. Ова е добар начин за да се пронајдеш во филмот (како глумец)“.