Јоаким Гаук (; р. во ) — претседател на Германија, стапувајќи на оваа функција на 22 март 2012 година. Тој е поранешен лутерански пастор. Во јавноста станал познат како антикомунистички деец за човекови права во Источна Германија.German Presidential Nominee’s Background Seen as an Asset, New York Times, 20 февруари 2012

За време на Мирната револуција, тој е соосновач на Новиот форум, опозициско движење во Источна Германија, кое што придонело за падот на диктатурата на Партијата за социјалистичко единство на Германија поддржана од Советскиот Сојуз. Во 1990 станал член на единствениот слободно избран Народен дом за партијата Сојуз 90. По повторното обединување на Германија бил избран од Бундестагот за прв сојузен полномошник за архивите на Штази, служејќи од 1990 до 2000. Како сојузен полномошник бил нарекуван „ловецот на Штази“ и „неуморен адвокат на демократијата“, откривајќи ги злоделата на поранешната комунистичка тајна полиција.

Бил предложен како кандидат на СПД и на Зелените за претседател на Германија на изборите во 2010 година, но изгубил во тесна битка со Кристијан Вулф, кандидат на владејачката коалиција. Неговата кандидатура била во голема мерка одобрена од населението и од медиумите; Der Spiegel го опишал како „подобриот претседател“, а Bild го нарекол „претседател на срцата“. Откако Кристијан Вулф се повлекол, Гаук бил избран за претседател со 991 од 1228 гласови од Сојузниот собир на изборите во 2012 година, како непартиски заеднички кандидат на ЦДУ, ЦСУ, ФДП, СПД и Зелените.

Како син на преживеан од советски Гулаг, политичкиот живот на Гаук бил оформен од семејните искуства со тоталитаризмот. Гаук бил меѓу првите потписници на Прашката декларација за европска свест и комунизам, заедно со Вацлав Хавел и други државници и Декларација за злоделата на комунизмот. Тој бил одговорен за зголемената свесност на комунистичките злодела во Европа.Robert Coalson, Longtime Anticommunist Activist To Become Germany's Next President, Radio Free Europe/Radio Liberty, 20 февруари 2012 Тој е автор и соавтор на неколку книги, вклучувајќи ја Црната книга на комунизмот. Неговата книга од 2012 Слобода. Молба повикува на одбрана на слободата и човековите права низ целиот свет. Бил опишан од канцеларката Ангела Меркел како „вистински учител на демократијата“ и „неуморен адвокат на слободата, демократијата и правдата“. The Wall Street Journal го опишал како „последното парче леб: предводници на протестите зад Железната завеса, кој започнале да ги предводат своите земји по 1989."The Gauck File, The Wall Street Journal, 22 февруари 2012, стр. 14 Добил бројни награди, вклучувајќи ја наградата Хана Арент во 1997 година.

Детство и живот во Источна Германија

Јоахим Гаук е роден во семејство на морнари во Росток, син на Јоахим Гаук Постариот (р. 1907) и Олга Гаук (р. Вареман, 1910). Неговиот татко бил искусен капетан на брод и истакнат поморски офицер, кој по Втората светска војна работел како инспектор во бродоградбената компанија Neptun Werft. По советската окупација на крајот на Втората светска војна, комунистите ја презеле власта во Германската Демократска Република (Источна Германија). Семејството било жртва на советското прогонување. Кога Јоахим Гаук имал единаесет години, во 1951, неговиот татко бил уапсен од советските окупациски сили; не се вратил назад. Бил обвинет од рускиот воен трибунал за шпионажа поради примање писмо од Западот и исто така поради антисоветска демагогија поради поседување западно списание за поморски работи и бил депортиран во Гулаг во Сибир, каде бил мачен до состојба да по една година биде сметан за физички неспособен, според неговиот син.Гаук 2009, стр. 37 Скоро три години, семејството не знаело ништо околу тоа што му се случило и дали тој е сè уште жив. Тој бил ослободен во 1955 по државната посета на Конрад Аденауер на Москва. Аденауер преговарал за ослободување на илјадници германски воени заробеници и цивили, кои биле депортирани.

Завршил гимназија во Росток. Според Јоахим Гаук, неговите политички активности биле инспирирани од искушението на неговиот татко,„Wir Deutsche können Freiheit“, Interview, Ostseezeitung Rostock, 23/24 јануари 2010 и изјавил дека растел со „многу длабоки антикомунистички чувства“.Eckhard Jesse, Eine Revolution und ihre Folgen: 14 Bürgerrechtler ziehen Bilanz, 2000 Во училиште во Источна Германија не ги криел своите антикомунистички ставови и одлучно одбивал да му се приклучи на комунистичкото младинско движење, Слободна германска младина. Сакал да студира германски и да стане новинар, но бидејќи не бил комунист, тоа не му било дозволено. Наместо тоа одбрал да студира теологија и станал свештеник на Протестантската црква во Мекленбург. Изјавил дека неговата првична намера не му била да стане свештеник, туку дека теологијата му нудела можност да ја проучува филозофијата и дека црквата била една од ретките институции во Источна Германија, каде комунистичката идеологија не преовладувала. Сепак, на крајот станал свештеник. Неговата работа како свештеник во Источна Германија била особена тешка поради односот на комунистичкиот режим кон црквата и поради тоа многу години бил под будното око на тајната полиција Штази. Штази во нивното досие посветено на Гаук го опишале како „непоправлив антикомунист“ („unverbesserlicher Antikommunist“). Изјавил дека „на девет години, јас знаев дека социјализмот беше неправеден систем“.

Кариера за време и по Тивката револуција

мини|Јоахим Гаук (1990)

Во текот на Мирната револуција во 1989 станал член на Новиот форум, демократско опозициско движење и бил избран за нивни гласноговорник. Исто така бил учесник на големите демонстрации против комунистичкиот режим на ГДР. На слободните избори на 18 март 1990, бил избран во Народниот дом на ГДР, претставувајќи го Сојуз 90 (кој бил составен од Нов форум, Демократија Сега и Иницијатива за мир и човекови права), каде останал до распуштањето на ГДР во октомври 1990.

мини|лево|Јоахим Гаук како член на источногерманскиот Народен дом во 1990

На 2 октомври 1990, ден пред распуштањето на ГДР, Народниот дом го избрал за специјален претставник за архивите на Штази. По распуштањето на ГДР следниот ден, бил назначен за специјален претставник на Сојузната влада за архивите на Штази од претседателот Рихард фон Вајцзекер и канцеларот Хелмут Кол. Како таков, тој бил задолжен за архивите на Штази и имал задача да ги истражи комунистичките злодела. Во 1992, неговата функција била преименувана во Сојузен полномошник за архивите на Штази. Работел на ова место до 2000, кога бил наследен од Маријане Биртлер.

Гаук бил член на Бундестагот, парламентот на Германија, од 3 до 4 октомври 1990 (Народниот дом во 1990 имал право да одреди одреден број на претставници како дел од процесот на повторно обединување). Отстапил од ова место поради неговото назначување за специјален претставник на Сојузната влада. Поради тоа, тој го има најкраткиот мандат за член на парламентот на Германија некогаш.

мини|Јоахим Гаук присуствува на конференција за печат на Меѓународното здружение за човекови права, каде говорел за злоделата на Штази

Го одбил местото за претседател на Сојузната агенција за политичко образование, како и понудите да биде предложен за кандидат за парламентот од СПД. Гласовите во ЦСУ го предложиле како можен конзервативен претседателски кандидат (против политичарот на СПД Јоханес Рау) во 1999, и неговото име исто така било споменувано како можен кандидат за ЦДУ/ЦСУ и Слободната демократска партија и во наредните години. На пример, саксонскиот огранок на ФДП го предложила за либерално-конзервативен кандидат во 2004, пред водачите на партиите да се согласат за Хорст Келер.

Од 2003 бил претседател на здружението „Против заборавање - За демократија“ (Gegen Vergessen – Für Demokratie) и бил во одборот на Европскиот центар против расизмот и ксенофобијата 2001–2004.Commemoration of the 20th Anniversary of the Commissioner for Civil Rights Protection in Poland , Влада на Полска, 2008

Политички погледи

Има пишувано за концентрациските кампови од советскиот период, како НКВД Специјален камп Бр. 1, злоделата на комунизмот и политичката репресија во Источна Германија и придонесите кон германското издание на Црната книга на комунизмот.

мини|Јоахим Гаук (2008)

Во 2007, Јоахим Гаук бил поканет да го има главниот говор во текот на комеморацијата во Ландтагот на Саксонија во чест на повторното обединување на Германија и падот на комунистичката влада. Учествувале сите партии, освен Левицата (наследник на комунистичката партија за социјалистичко единство (СЕД)), чии членови излегле на протест против Гаук. Гаук го поддржал набљудувањето на Левицата од Сојузната служба за заштита на Уставот и соодветните државни власти. Гаук ги пофалил СПД за оддалечувањето од Левицата.Distanzierung von Linkspartei: Gauck begrüßt Haltung der SPD

Јоахим Гаук е меѓу првите потписници на Прашката декларација за европската совест и комунизам (2008) и Декларацијата за комунистичките злодела (2010), обете повикуваат на осуда на комунизмот, учење за комунистичките злодела и казнување на комунистичките криминалци. Прашката декларација предложила основање на Европски ден за сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот, кој подоцна бил изменет од Европскиот парламент. Во 2010, Гаук ја критикувал политичката левица за тоа што не ги земале предвид комунистичките злодела.

Гаук е поддржувач на идејата за основање Центар против протерувањата во Берлин.

На 70. роденден во 2010, Гаук бил пофален од канцеларката Ангела Меркел како „вистински учител на демократијата“ и „неуморен адвокат на слободата, демократијата и правдата“.

мини|Јоахим Гаук (2010)|врска=Special:FilePath/2010_ноември_29_JoachimGauck_198.JPG

The Independent го опишал Јоахим Гаук како „германскиот одговор на Нелсон Мандела“. The Wall Street Journal го опишал како „последната кришка леб: предводниците на протестите зад Железната завеса, кои станале водачи на нивните земји по 1989“, споредувајќи го со Лех Валенса и Вацлав Хавел. Corriere della Sera го опишал како „германскиот Хавел“.

Гаук е член на Атлантик-Брике, организација која го промовира германско-американското пријателство. Гаук ги поддржал економските реформи предложени од црвено-зелената влада на канцеларот Герхард Шредер. Исто така го поддржал бомбардирањето на НАТО на Југославија во 1999, ставање на крај на југословенските ужаси во Косово. Исто така го поддржал германското воено присуство во Авганистан. Гаук е поборник на пазарната економија и е скептичен кон движењето Окупирај. Во 2010 изјавил дека политичарот на СПД Тило Сарацин „изразил храброст“ кога ја отворил дебатата за имиграцијата. Меѓутоа ги критикувал некои од погледите на Сарацин.

Во интервју со Радио Слободна Европа во 2007, Гаук изјавил дека „мораме да ја деозакониме (комунистичката ера) не само поради многуте жртви и криминалните злодела, туку (исто така и поради) политиката на целиот Советски Сојуз била насочена кон враќањето во минатото. Според The Wall Street Journal, „го посветил неговиот живот да ги покаже злоделата на советскиот систем, кои не биле ништо помали од тие на Третиот Рајх“. Во неговата книга од 2012 Слобода. Молба, ги искажал неговите мисли за слободата, демократијата, човековите права и толеранцијата.

Во 2012, Гаук изјавил дека „муслиманите кои живеат овде се дел од Германија“, но одбил да каже дали Исламот е дел од Германија, како што изјавил претходниот претседател Кристијан Вулф. Централниот совет на муслиманите во Германија ги поздравила неговите изјави.

Претседателски кандидат во 2010

мини|„Граѓани за Гаук“, протести за поддршка на Гаук пред Бранденбуршката порта во 2010