Камен Дол — археолошко наоѓалиште во поречкото село Црешнево. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на селската црква „Св. Спас“ и во оконите ниви, каде на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Некрополата е откриена на западната периферија на селото, а гробовите се градени од камени плочи. Пронајдени се питоси и неколку римски и рановизантиски монети кои се сопственост на жител од селото Белица.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Минојца — некропола од римско време; Брест — населба, црква и некропола од римско време; Црешнево; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Црешнево (Порече)