Извештај за промените во капиталот () ги претставува промените што настанале кај сметките што го сочинуваат сопствениот (акционерскиот) капитал и тоа почнувајќи од состојбата на почетокот на годината, преку промените на одделните ставки, завршувајќи со состојбата на крајот од годината, т.е. по распоредувањето на добивката од тековната година.Сашо Арсов, Финансиски менаџмент - Скопје: Економски факултет, 2008, стр.30.
Извештај за промените во капиталот кај акционерски друштва Извештај за промените во капиталот е еден од основните четирите основни финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, извештај за паричните текови и извештај за промени во капиталот) што секоја компанија е должна да ги подготви најмалку еднаш во годината, а најчесто и полугодишно и квартално. Иако не е дел од класичните финансиски извештаи, во поново време редовно се јавува како дел од годишните извештаи на акционерските друштва.
Еден поедноставен приказ за ваков извештај е даден во продолжение, врз основа на дадените податоци за компанијата “Макимпекс“Сашо Арсов, Финансиски менаџмент - Скопје: Економски факултет, 2008, стр.31. Акционерски капитал Сопствени акции Законски резерви Акумулирана добивка ВКУПНО На 1.1.2007 115.400 -8.000 6.008 30.250 143.658 Емисија на акции 5.357 5.357 Откуп на сопствени акции -3.800 -3.800 Дивиденди -6.150 -6.150 Нето-добивка за 2007 12.300 12.300 На 31.12.2007 120.757 -11.800 6.008 36.400 151.365
Извештај за промените во капиталот и резервите кај банки Во извештајот за промените во капиталот и резервите се прикажани промените на капиталната сметка на банката во текот на определен период (година, полугодие итн.). Притоа, во овој извештај е дадена почетната состојба на капиталот на банката, промените што се случиле на сметката на капиталот и состојбата на капиталот на крајот од извештајниот период. Исто како и кај другите финансиски извештаи, со цел да се овозможи споредба на движењето на капиталот на банката од еден до друг период, во овој финансиски извештај се прикажани промените во сметката на капиталот и резервите за два временски периода, односно за тековната и претходната година.
Извештајот за промените во капиталот и резервите дава корисни информации за акционерите и кредиторите на банката, како и за регулативните органи, бидејќи открива како се промениле најважните ставки што го сочинуваат капиталот на банката. Значењето на овој извештај произлегува од таму што капиталот има незаменлива улога во апсорбирањето на евентуалните загуби во работењето на банката. Исто така, регулаторите и аналитичарите ги следат промените на капиталот со цел да утврдат дали растежот на кредитното портфолио на банката е поддржан со соодветен пораст на капитал.
Во табелата што следи е даден пример за извештајот за промените во капиталот и резервите на една хипотетичка банка, прикажан во едноставна и упростена форма. Во финансиските извештаи што ги подготвуваат банките, почетната состојба, промените во текот на годината и крајната состојба се прикажани одделно за секоја ставка од капиталот и резервите. На пример, капиталот е расчленет на повеќе ставки, онака како што се дадени во билансот на состојбата на “Штедна банка“, а слично на тоа, ревалоризациските и останатите резерви се поделени на неколку групи. Освен тоа, во примерот се дадени само промените во капиталот и резервите за тековната година, додека во реалниот свет, овој финансиски извештај ги прикажува и промените во минатата година.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр.43-45.
Извештај за промените во капиталот и резервите на “Штедна банка“ за периодот од 1.1.2011 до 31.12.2011 г. (во 000 денари)Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр.44. Опис Износ Почетна состојба на 1.1.2011 г. 914.715 Сеопфатна добивка/(загуба) за финансиската година: Добивка/(загуба) за финансиската година 197.680 Останати добивки/(загуби) во периодот коишто не се прикажуваат во билансот на успех Промени во објетивната вредност на средствата расположливи за продажба 1.272 Промени во објетивната вредност на инструментите за заштита од ризикот на паричните текови 624 Вкупно нереализирани добивки/(загуби) признаени во капиталот и резервите 1.896 Вкупно сеопфатна добивка/(загуба) за финансиската година 199.576 Трансакции со акционерите: Издадени други сопственички инструменти 2.170 Издвојување за законска резерва 1.420 Издвојување за останати резерви 580 Дивиденди -58.836 Откуп на сопствени акции -1.100 Трансакции со акционерите -55.766 Состојба на 31.12.2011 1.058.525
Извештајот за промените во капиталот и резервите започнува со приказ на почетната состојба на капиталот и резервите, преземена од билансот на состојбата за претходната финансиска година. Оттука, може да се заклучи дека овие два финансиски извештаи се нераскинливо поврзани. Овој износ ја претставува почетната состојба на капиталот и резервите на “Штедна банка“ за тековната финансиска година
Сеопфатна добивка/(загуба) за финансиската година Во извештајот за промените во капиталот и резервите е прикажана сеопфатна добивка, која ја сочинуваат добивката за тековната година (преземена од билансот на успехот) и неостварените добивки или загуби коишто не се прикажуваат во билансот на успехот, туку се признаваат директно во капиталот на банката. На пример, таков е случајот со промените во објективната вредност на хартиите од вредност расположливи за продажба, што “Штедна банка“ ги чува во своето портфолио. Имено, во сметководството на банката, овие хартии од вредност се водат според нивната објетивна вредност, а разликата меѓу неа и набавната вредност се прикажува како добивка или загуба директно во капиталот и тоа во билансната ставка “ревалоризациски резерви“. Така, да претпоставиме дека разликата меѓу објективната и набавната вредност на хартиите расположливи за продажба изнесува 1,27 милиони денари и за овој износ се зголемува ревалоризациската резерва на “Штедна банка“. Исто така, да земеме дека промената на објективната вредност на финансиските деривати за заштита од ризикот на паричните текови изнесува 624 илјади денари. Овие две ставки заедно, во износ од 1,896 милиони денари ги претставуваат вкупните неостварени добивки што се признаваат директно во капиталот и резервите на банката.
Трансакции со акционерите Во продолжение, овој финансиски извештај ги прикажува и трансакциите со акционерите, коишто предизвикале промени на одделните сметки на капиталот и другите резерви на банката. На пример, ако во текот на финансиската година, банката издаде обични или приоритетни акции, распредели дивиденди или изврши откуп на сопствени акции, сето тоа ќе доведе до промени во нејзиниот капитал. Од табелата може да се забележи дека, во текот на годината, “Штедна банка“ издала нови сопственички инструменти во износ од 2,17 милиони денари. Понатаму, банката издвоила дополнителни средства во полза на законската и останатата резерва во износ од 1,42 милиони и од 580 илјади денари, соодветно, зголемувајќи ги своите резерви. Од друга страна, собранието на акционерите на “Штедна банка“ донело одлуки да распредели дел од нето-добивката, во износ од 58,84 милиони денари, во вид на дивиденди. Понатаму, во текот на годината, “Штедна банка“ извршила откуп на сопствените акции во износ од 1,1 милиони денари. Овие две трансакции предизвикале намалување на сметката на капиталот на “Штедна банка“. Најпосле, збирот на почетната состојба на капиталот и резервите, добивката за финансиската година, вкупните неостварени добивки што се признаваат директно во капиталот и промените на одделните сметки на капиталот ја дава состојбата на капиталот и резервите на “Штедна банка“ на крајот од финансиската година, во вредност од 1,058 милијарди денари. Се разбира, овој износ ќе се јави како почетна состојба за промените во капиталот и резервите за идната година.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр.45
Наводи
Категорија:Финансиски извештаи на банки Категорија:Сметководство Категорија:Финансиски извештаи