Узедом (; исто така понекогаш нарекуван Штат Узедом или „Град Узедом“) — град на истоимениот остров, во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Узедом-Југ.

Целиот остров Узедом бил именуван по градот во средновековниот период.

Географија

Градот се наоѓа во југоисточниот дел на островот Узедом, во т.н. заднинска земја (Achterland), на северозападниот брег на Одарскиот Залив („Oderhaff“). Градот се граничи на север и запад со Пенештром, западниот премин на заливот со Балтичкото Море.

Градски единици

Следниве единици припаѓаат на градот Узедом:

Гелентин Гневентин Карнин Келпин Менхов Остклине Паске Узедом (градот) Фосберг Велцин Вестклине Вилхелмсфелде Вилхелмсхоф Цехерин

Историја

мини|лево|Замок Штолпе близу градот Узедом

Областа била населена уште од неолитот, а од и век од Словените, кои изградиле замок на ридот, сега познат как Шлосберг. Името на градот доаѓа од словенскиот збор „узнам“, што означува речно устие. На почетокот на век, местото било уништено од Данците.

Во 1128, Западна Померанија го прифатила христијанството и кратко потоа бил основан премонстратензијанскиот манастир, Узедом (исто така познат како Манастир Гробе или Пудагла), во самиот град. Во век, германската населба Узедом била основана како дел од источното доселување. На 23 декември 1298, Узедом добил градски права.

Градот изгорел двапати во големи пожари во 1475 и 1688. По Штетинскиот договор и последователниот Вестфалски мир (1648), Узедом заедно со цела Западна Померанија, градот станал дел од Шведска Померанија до 1720, кога бил вратен на Прусија. Од 1720 до 1945, градот бил пруски. Градот има железничка врска од 1876.

Во 1934, кај Карнин, бил изграден железнички мост, но бил уништен во Втората светска војна. По војната, градот најпрвин припаѓал на покраината Мекленбург-Западна Померанија, додека Источна Германија не ги укинала покраините во 1952, кога припаднал на Округот Росток. При Повторното обединување на Германија во 1990, Узедом уште еднаш се нашол во покраината Мекленбург-Западна Померанија.

Знаменитости

Вредно за разгледување во Узедом се Портата Анклам (Anklamer Tor), Црквата Св. Богородица (Marienkirche), Шлосберг (Schloßberg) со неговиот споменик за преминот во христијанството направен од Ото Бамбершки во 1128 и урнатините на железничкиот мост Карнин.

Сообраќај

Низ Узедом поминува главниот сојузен автопат Б110, поврзувајќи го островот со градот Пинов на копното и Анклам. Во другата насока, Б110 се здружува со Б111, патот кој води низ северниот брег на островот Узедом, кај бањата Албек. До 1945, градот имал железничка станица на линијата Духеров-Свинеминде, која сега е дом на центарот на природниот парк. Узедом, денес се наоѓа далеку од единствената островска железничка линија (Usedomer Bäderbahn). Узедом има мало пристаниште на Узедомското Езеро, кое е поврзано со заливот преку канал.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Узедом е збратимен со следниве градови: Волин, Полска

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Узедом Категорија:Западна Померанија-Грајфсвалд Категорија:Померанија (покраина) Категорија:Населени места основани во 13 век