Гумниште — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горна Бела Црква. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на југоисточниот дел на селото, покрај патот што води за селото Долна Бела Црква, каде според кажувањето на мештаните, имало мала црква од која се зачувани само контурите на темелите, со приближни димензии од 10 м должина и 8 м ширина, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горна Бела Црква; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Горна Бела Црква