Бој ван Попел (; р. во ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Тој е син на поранешните велосипедисти Жан Пол ван Попел и Леонтин ван дер Линден.
Професионална кариера
На 12 септември 2008, Ван Попел ја освоил петтата етапа на Трката околу Мисури. Со таа победа му го нанел првиот пораз во масовен спринт на Марк Кевендиш од Џиро д’Италија 2008 одржана во мај1. На Трката околу Британија 2012, Ван Попел постојано завршувал во првите десет на бројни етапи, што му помогнало да го обезбеди бодовниот пласман пред второпласираниот Марк Кевендиш.
Кон крајот на 2012, Ван Попел потпишал договор за сезоната 2013 со екипата , станувајќи трет член на неговото семејство кој е дел од екипата; неговиот брат Дани исто така ѝ се приклучил на екипата за сезоната 2013, како прва година професионална сезона, додека неговиот татко Жан Пол работел како спортски директор во екипата.
Ван Попел му се приклучил на за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, , се распаднала на крајот на сезоната 2013. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.
Достигнувања
2008 1. Етапа 5 Трка околу Мисури 9. Омлоп ван хет Васланд 2009 1. Етапа 3 Тур де Норманди 1. Пролог (ТТТ) Трка Олимпија 2. Шал Селс-Мерксем 2010 1. Етапа 4 Крајц Брајц 5. Класик Шатору 6. Зелик-Галмарден 9. Дварс дор Дренте 2011 5. Краен пласман Ронде ван Дренте 2012 3. Нокере Курсе 8. Краен пласман Трка околу Британија 1. 20п Бодовен пласман 8. Класик Хандзаме 2013 4. Кансер Кансил Хелплајн Класик 6. Ватенфал Класик 6. Амстел Курасао Рејс 2014 8. Хале-Ингоигем 2017 9. Краен пласман Три дена Де Пане
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2013 2014 2015 2016 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—131146СО 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур144——— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——158—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Профил на Cycling Base
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Луѓе од Утрехт