Коските на прстите () се наречени фаланги 14 на број и претставуваат долги коски. Делови и распоред Секој прст со исклучок на палецот е составен од три коски- членчиња (), а палецот од две членчиња; на секоја фаланга се разликуваат: тело (); два краја: горните и средните фаланги на двата краја имаат зглобни површини, а долните фаланги на долните краеви се рапави. Метакарпални коски Горните краеви на коските на прстите се граничат со метакарпалните коски () и служат за поврзување на коските на прстите со коренот на дланката: претставуваат пет долги коски, означени со редни броеви идејќи од палецот кон малиот прст. Делови На сите метакарпални коски се разликуваат: тело (); два краја: горните краеви се зглобуваат со долниот ред од карпалните коски, а долните краеви се зглобуваат со првите коски од прстите. Зглобови Зглобовите на метакарпалните коски и коските на прстите им овозможуваат поврзување со карпалните коски и поврзување со фалангите: карпометакарпални зглобови го поврзуваат долниот ред од карпалните коски со горните краеви од метакарпалните коски, со исклучок на зглобот од палецот кој е седлест другите четири зглоба се полуподвижни; метакарпофалангеални зглобови ги зглобуваат долните краеви на метакарпалните коски и горните краеви од горните фаланги. Се вршат движења на флексија, екстензија на прстите како и ширење и собирање на прстите; интерфагеални зглобови ги поврзуваат меѓу себе фалангите од прстите. Се вршат движења на флексија и екстензија на прстите. Мускули Мускули кои помагаат во движење на дланката и прстите: латерална група ја сочинуваат четири мускули, кои градат над палецот испакнување наречено тенар и го движат палецот; средна група ја сочинуваат единаесет мускули и помагаат во движењето на прстите; медијална група ја сочинуваат четири мускули кои градат над малиот прст испакнување наречено хипотенар, учествуваат во движењето на малиот прст. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски