Наковалната () претставува мало ковче што се наоѓа во тапанската празнина на средното уво. Делови На наковалната се разликуваат: тело; горна гранка; долна гранка. Поврзувања Наковалната се поврзува со чеканчето на горната страна, а на долната страна се поврзува со стременот; слушните ковчиња се поврзуваат со цел да ги засилат примените бранови од слушното тапанче. Слушен апарат Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам: звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето; ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец; треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот; треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот; откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски Категорија:Отологија