Кале — археолошко наоѓалиште во преспанското село Евла. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 5 км североисточно од селото, каде на висок рид со зарамнето плато што се издига над Кошарска и Источка Река, на поголем тешко пристапен простор се гледаат остатоци од утврдена населба. Откриени се ѕидови на повеќе објекти ѕидани од камен и варов малтер. Професор Томо Томоски го идентификувал наоѓалиштето Кале со населбата Василица, позната во записите од XI век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Исток — црква од средниот век; Св. Спас — црква од средниот век; Ливадица — осамен наод од доцноантичко време; Евла; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Евла (Ресенско)