Грмада — археолошко наоѓалиште во преспанското село Езерани. Претставува населба од хеленистичкото време и црква од средниот век. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, покрај брегот на Преспанско Езеро, каде на простор од 100 × 250 м по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови. Се гледаат остатоци од објекти градени од монолитни блокови, сувоѕидица, како и остатоци од сакрален објект — црква. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Езерани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Езерани