Горна Маала — археолошко наоѓалиште во преспанското село Козјак. Претставува населба и некропола од римско време и среден век. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото и 1 км јужно од месноста Макази — каде на голема површина, што зафаќа простор од 100 м во должина и околу 300 м во ширина, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во југоистичниот дел, од левата страна на патот Макази-Асамати, во 1956 година месен селанец обработувајќи го лозјето, открил и уништил повеќе гробови. Откриени се и темели од повеќе објекти, а во северозападниот дел остатоци од античкиот пат Вија Егнација. Се претпоставува дека во оваа месност била патната станица Скиртијана, помеѓу Хераклеја и Лихнид. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид и во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гробишта — некропола од средниот век; Козјак — осамен наод од римско време; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Козјак (Ресенско)