Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во преспанското село Подмочани. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на 500 м југозападно од селото, во правецот на брегот на Преспанското Езеро, каде според кажувањата на мештаните, при изградбата на црквата „Св. Ѓорѓи“ биле откопани и уништени повеќе гробови со конструкции од камени плочи. Зачувана е надгробна стела со релјефно претставени бисти на маж и жена и коњаник, како и еден мал импост - капител.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кирејца — населба од доцноантичко време; Горно Дрмче — осамен наод од доцноантичко време; Грнчарско Селиште —црква од средниот век; Арапски Гробишта — населба и топилница од доцноантичко време; Горици — населба од римско време; Подмочани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Подмочани