Роберт Браун () (, Монтрос, Ангус, Шкотска - , Лондон, Англија) — шкотски ботаничар.

Син на свештеник, студирал медицина во Абердин и во Единбург пред да стане член на британската војска, како најнизок офицер и помошник хирург во 1795 година.

Во 1801 година формирал експедиција со природонаучници на брод за да го истражи брегот на Австралија во и на тоа патување собрал околу 3,900 видови на растенија. Издавал некои од резултатите од патувањето во 1810 година во својата класика „Prodromus florae novae hollandia“. Ја формирал Фондацијата на австралиската ботаника и го рафинирал постојниот систем за класификација на растенијата. Во 1827 година ја префрлил ботаничката колекција на Јозеф Банк во Британскиот музеј и бил задолжен за новиот музејски отсек за ботаника. Следната година ги објавил своите забелешки за феноменот што се нарекува Брауново движење. Во 1831 година го забележал постоењето на растителни клетки, кои ги нарекол нуклеуси (јадра). Бил првиот што ја забележал разликата меѓу голосемените и скриеносемените растенија (цветни растенија).

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Категорија:Шкотски ботаничари Категорија:Бриолози Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Почесни членови на Кралското друштво на Единбург