Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во преспанското село Покрвеник. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во просторот меѓу старата и новата населба, темелите на црквата „Св. Атанас“. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископувања извршени од Музејската збирка во Ресен е пронајдено дека се работи за трикорабна базилика со нартекс, анекс-просторија на северната страна на нартексот и три простории на јужната страна, од кои едната е крстилница со кружна писцина. Подот во олтарниот простор е од малтер, а во наосот од плочи и печена земја. Покрај темелите од ѕидовите се најдени фрагменти од стебла на столбови, меноа, бази и два капитела.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Арапски Гробишта — некропола од средниот век; Висои — населба, базилика и некропола од доцноантичко и старохристијанско време; Покрвеник; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Покрвеник