Клара Боу (, Бруклин, Њујорк, САД - , Лос Анџелес, САД) — американска филмска глумица.
На 16-годишна возраст победила на натпревар организиран од списание што и обезбедило мала улога во филм. Ангажирана од продукцијата Парамоунт во 1925 година, таа имала поголеми улоги во безвучните филмови како што се „Машка стапица“ (Mantrap) (1926), „Детски чизми“ (Kid Boots) (1926). По нејзината улога во попларниот филм „Тоа“ (It) (1927), Боу станала препознатлива како „девојката од тоа“, под што се подразбирало привлечност на слободна млада жена. Таа играла во уште 20 филмови (1927-30), но скандалите и нервозните испади ја загрозиле нејзината кариера.
Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци