Сливница — археолошко наоѓалиште во преспанското село Сливница. Претставува населба од римско време. Се наоѓа во самото село, каде во текот на изградбата на неколку селски куќи биле откривани остатоци од темели на повеќе објекти. Денес на површината може да се забележат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — населба од доцноантичко време; Крш Полена — вила рустика од римско време; Шуица — црква и некропола од средниот век; Сливница; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Сливница