Шуица — археолошко наоѓалиште во преспанското село Сливница. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа на растојание од околу 3 км југоисточно од селото, каде се наоѓаат урнатини од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Според темелот на северниот ѕид, кој јасно се оцртува, должината на црквичката изнесувала 7 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Сливница — населба од римско време; Крш Полена — вила рустика од римско време; Кула — населба од доцноантичко време; Сливница; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Сливница