Бела Црква — археолошко наоѓалиште во преспанското село Сопотско. Претставува депо на монети од среден век. Депото било пронајдено во нива на месен жител, која е оддалечена 2 км северно од селото, каде со земјоделските работи во 1961 година биле откриени 427 бакарни скифати од XII — XIII век. Во оваа нива во 1955 година било најдено уште поголемо депо од 2.400 монети. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Никола — осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола; Јане Дол — осамен наод од доцноантичко време; Трно Нива — населба од римско време; Сопотско; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Сопотско