Северна Западна Померанија () — поранешен округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните три окрузи Гримен, Рибниц-Дамгартен и Штралзунд. На 4 септември 2011 бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Се наоѓал на брегот на Балтичкото Море, каде целосно го опкружувал градот Штралзунд. Кон североисток, одвоен од Штралзунд и Северна Западна Померанија од Штрелазунд, се наоѓал островот Риген, административно дел од истоимениот округ. Други соседни окрузи биле (од исток надесно) Источна Западна Померанија, Демин, Гистров и Бад Доберан.

Географија

Брегот е карактеризиран од продолжениот полуостров, Фишланд-Дарс-Цингст. Помеѓу полуостровот и копното постои многу плитка лагуна, која е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни, како и целиот полуостров.

Историја

Низ вековите, областа била најзападниот дел на Померанија. До 1819 била шведска територија, потоа пруска територија, по што била наречена Нова Западна Померанија (Neuvorpommern).

Грб

100п|ГрбГрбот прикажува два грифона. Златниот грифон на лево е симбол на принцовите од Росток. Црниот грифон на десно потекнува од грбот на Померанија, кој сепак користел црвен грифон како нивен симбол. Територијата на округот била владеена од померанските војводи, кои користеле црн грифон.

Грбот бил донесен на 3 декември 1997.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Гримен Марлов Зидерхолц Цингст Општински заедници1. Алтенплен Алтенплен1 Грос Мордорф Клаусдорф Крамерхоф Прец Прон 2. Барт Бартелсхаген Барт1, 2 Дивиц-Шполдерсхаген Фулендорф Карнин Кенц-Кистров Лебниц Лидерсхаген Прухтен Зал Тринвилерсхаген 3. Дарс/Фишланд Аренсхоп Борн на Дарс1 Дирхаген Преров Вик на Дарс Вустров4. Францбург-Рихтенберг Францбург1, 2 Глевиц Гремерсдорф-Буххолц Милинхаген-Ебелиц Папенхаген Рихтенберг2 Шплитсдорф Фелгаст Вајтенхаген Вендиш Багендорф 5. Милцов Елменхорст Зундхаген1 Витенхаген 6. Нипарс Грос Кордсхаген Јакобсдорф Кумеров Лисов Ној Бартелсхаген Нипарс1 Пантелиц Штајнхаген Вендорф Царендорф7. Рекниц-Требелтал Бад Зилце2 Детмансдорф Дајелсдорф Дрехов Ајксен Грамендорф Гранзебит Хуголдсдорф Линдхолц Трибзес1, 2 8. Рибниц-Дамгартен Аренсхаген-Дасков Рибниц-Дамгартен1, 2 Шлемин Землов1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија