мини|десно|250п|Внатрешност на музејот мини|„Богородица на ливада“ (1506) од Рафаело Санти. мини|„Вавилонската кула“ (1563) од Питер Бројгел Постариот. мини|„Лето“ (1563) од Џузепе Арчимболдо мини|„Принцезата Марија Тереза во сино“ (1659) од Диего Веласкес.
Уметничкоисториски музеј () — ликовен музеј во Виена, Австрија, сместен во раскошно здание на улицата Рингштрасе окончено со осумаголен свод.
Отворен е во 1891 г, истовремено со Природонаучниот музеј (), од австроунгарскиот цар Франц Јосиф I. Овие два музеја имаат истоветен изглед и се поставени спротивставено, на секој двата краја од плоштадот Марија Тереза. Изградени се во периодот од 1872 до 1891 г, по нацрт на Готфрид Земпер и Карл Фрајхер фон Хазенауер.
Нарачател на музејот е царот, кој сакал соодветно да ја вдоми огромната уметничка збирка на Хабсбурговците и да ја стави на располагање на јавноста. Фасадата е изработена во песочник, а врз зданието стои свод со висина од 60 метри. Внатрешноста е раскошно украсена со мермер, украсна штукатура, позлата и живопис.
Збирка Галерија на слики Главните збирки на музејот се оние добиени од Хабсбурговците, особено збирките на портрети и оклопи од Фердинанд Тиролски, збирките на сетиот римски цар Рудолф II (иако највеќето од нив се раштркани) и ликовната збирка на надвојводата Леополд Вилхелм.
Попознати дела во музејот се:
Јан ван Ејк: „Портрет на кардиналот Николо Албергати“ (~ 1431) Албрехт Дирер: „Поклонение на Светата Троица“ (1511) Јакопо Тинторето: „Сузана и старешините“ (1555–56) Џузепе Арчимболдо: „Лето“ (1563) Антонело да Месина: Санкасијански олтар (1475–1476) Караваџо: „Богородица Венечна“ (1606/07) Крунисување со трње „Давид со главата на Голијат“ Петер Паул Рубенс: Иделфонсов олтар (1630–32) „Крзно“ (1638) Рафаело Санти: „Богородица на ливада“ (1506) Рембрант: Автопортрет (1652) Јан Вермер: „Алегорија на сликарството“ (1665/66) Диего Веласкес: Неколку портрети на шпанското кралско семејство испратени во Виена кај роднините Хабсбурговци. Питер Бројгел Постариот: „Борбата на карневалот и постот“ (1559) „Детски игри“ (1560) „Вавилонската кула“ (1563) „Искачување на Голгота“ (1564) „Тмурен ден (фев-мар)“ (1565) „Враќање на стадото (окт-ное)“ (1565) „Ловци во снегот (дек-јан)“ (1565) „Селанецот и градецот на гнезда“ (1568) „Селска свадба“ (1568/69) „Селски танц“ (1568/69)
Музејот ги има и следниве поединечни збирки:
Египетско-блискоисточна збирка Збирка на грчко-римски старини Вајарско-декоративна збирка Нумизматичка збирка Библиотека
Хофбург Ефески музеј Збирка на стари музички инструменти Збирка на оружје и оклопи Архив Световно-црковна ризница (во Швајцерхоф)
Останати Музеј на кочии и Одделение за дворски униформи (во дворецот Шенбрун) Збирки во замокот Амбрас (во Инсбрук) Австриски театарски музеј во палатата Лобковиц
Подружници:
Етнолошки музеј во Новиот Град; „Музеј на липицанерот“ во Шталбург
Кражба На 11 мај 2003 г. Еден од најважните предмети во музејот Соларникот () sculpture by Бенвенуто Челини, украден на и повратен на 21 јануари 2006 г. ставен во кутија и закопан во шума кај Цветл. Ова е најголемата кражба на уметничко дело во историјата на Австрија.
Поврзано Природонаучен музеј (Виена) Музеј на уметност
Наводи
Надворешни врски
Уметничкоисториски музеј — Виена
Категорија:Музеи во Виена Категорија:Ликовни музеи и галерии во Австрија Категорија:Нумизматички музеи