„Rock the Casbah“ — песна на англискиот панк рок бенд The Clash (Клеш), издадена во 1982 година. Песната е издадена како трет сингл од нивниот петти албум, Combat Rock. Се искачила на осмото место на американската Билборд Хот 100 табела во САД (нивниот единствен топ 40 како и единствен топ 10 сингл во САД) и, заедно со песната „Mustapha Dance“, го достигнала осмото место на денс табелата. Оваа песна е највисоко рангирана песна на бендот на светско ниво.

Наводи

Категорија:Синглови од 1982 Категорија:Песни на The Clash