Герамидница — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари. Претставува населба од бронзено и доцноантичко време. Се наоѓа на 800 м јужно од селото, каде по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и фрагменти од римски тули и покривни ќерамиди. Според исказите на жителите, биле пронајдени повеќе археолошки предмети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Петка — црква од средниот век; Долно Оризари Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Долно Оризари (Битолско)