Јован Јосифовски ( во Тетово) — македонски правник и поранешен претседател на Државната изборна комисија на Македонија. Тој дипломирал на Правниот факултет од Скопје, и го стекнал звањето дипломиран правник.
Работно искуство Осум години во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација како советник за вршење на работите што се однесуваат на следење и проучување на правниот систем, следење на состојбите и појавите во областа на организацијата и методот на работа на управата и прописите за органите на управата; од 1983 година – началник во Градскиот комитет за комунални работи и сообраќај каде работел на нормативна дејност од надлежност на Град Скопје; од 1985 година – советник во Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија; од 1990 година – советник во Собранието на Република Македонија, а и ги вршел работите и задачите на советник во Законодавно - правната комисија на Собранието; од 1997 година – самостоен советник во Секторот за работни тела на Службата на Собранието на Република Македонија; од мај 1999 година, именуван од Собранието на Република Македонија на функцијата заменик на секретар на Собранието на Република Македонија која ја вршел до 4 декември 2002 година; од 2003 година се стекна со статус на државен службеник и бил распореден на работно место со звање советник на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија.
Работно искуство во Државна изборна комисија Во 2002 година бил определен во Државната изборна комисија за лице кое ќе дава логистичка поддршка на Регионалните изборни комисии; учесник во повеќе изборни циклуси во помошното работно тело на Државната изборна комисија при спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори; соработка со IFES – Меѓународна фондација за изборни системи за парламентарни, претседателски и локални избори
Наводи
Категорија:Правници од Тетово Категорија:Југословенски правници Категорија:Претседатели на ДИК Категорија:Членови на ДИК Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје