Сочи () — град во Краснодарскиот крај, Русија, сместен на брегот на Црното Море близу границата помеѓу Грузија/Абхазија и Русија. Поголемата област на Сочи, која вклучува територии и области подредени на градот Сочи, има вкупна површина од 3.526 км2 и се протега 145 километри долж брегот на Црното Море близу Кавказот. Површината на самиот град изнесува 176,77 км2. Според пописот во 2010, градот имал постојано население од 343.334 жители, додека во 2002 имал 328.809 жители, со што е најголемо руско одморалиште. Тоа е едно од малкуте места во Русија со суптропска клима, со топли до жешки лета и свежни зими.

Сочи ќе биде домаќин на XXII Зимските олимписки игри и XI Зимски параолимписки игри во 2014, иако алпските и нордиските настани ќе се одржуваат во блискиот скијачки центар Роза Хутор во Краснаја Полјана. Сочи ќе биде домаќин на Големата награда на Русија во Формула 1 од 2014 и најмалку до 2010.Сочи домаќин на Зимските олимписки игри 2014 BBC Sport, 4 јули 2007PM Putin confirms Russian GP for 2014 GPUpdate, 15 октомври 2010 Исто така ќе биде еден од градовите домаќини за Светското првенство во фудбал 2018.

Географија

Областа Сочи е распослана долж брегот на Црното Море со вкупна должина од 145 километри. Во зависност од изборот на границата помеѓу Европа и Азија, некои извори тврдат дека Сочи е во Европа, но доколку се користат Кавкаските Планини како граница, тогаш Сочи е во Југозападна Азија, припаѓајќи на јужната (азиска) страна на Големиот Кавказ. Гледано административно, Сочи припаѓа на Краснодарскиот крај, кој географски целосно припаѓа на Европска РусијаDepartment of Investments and Project Support of Krasnodar region: Main page . Investkuban.ru. 26 јули 2012.Krasnodar region location on the map of Europe . Investkuban.ru. 26 јули 2012.Krasnodar Region . Eng.spb-venchur.ru. 26 јули 2012., како што вообичаено се смета за сите територии на Русија западно од планината Урал и од реката Урал.European Russia – Map of Russia, European Russia Map, Russia Countries. Worldatlas.com. 26 јули 2012.Russia Europe . Wwp.greenwichmeantime.com (16 мај 2011). 26 јули 2012. Сочи се наоѓа на 1.603 километри од Москва.Travel Destinations Sochi Russia by Michael Totten | Traveler's Guide 360. Travelersguide360.com (11 февруари 2013). 3 јануари 2014.

Градот Сочи се граничи со округот Туапсински на северозапад, со округот Апшеронски и со округот Мајкопски на Републиката Адигеја на север, со округот Мостовски на северозапад и со Абхазија на југоисток. На југозапад се граничи со Црното Море.

Големо мнозинство на населението на Сочи живее во тесниот појас долж брегот и е организирано во независни микроокрузи (порано населби). Најголем од овие окрузи, од северозапад на југоисток, се Лазаревскоје, Ло, Дагомис, Сочи (Централен градски округ), Хоста, Мацеста и Адлер. Целиот град е сместен на падините на Западна Кавказ, кој се спушта до Црното Море и е преселен од реките. Најголеми реки во Сочи се Мзимта, која е всушност најголема притока на Црното Море во Русија и Шахе. Други реки се Аше, Псезуапсе, Сочи, Хоста и Мацеста. Реката Псоу ја определува границата со Абхазија.

Североисточниот дел на градот припаѓа на Кавказ Заповедник, што претставува светско природно наследство, покривајќи огромни области во Краснодарски крај и Адигеја. Скоро целата област во Поголемиот Сочи, со исклучок на брегот и на областа што припаѓа Кавказ Заповедник, се вклучени во Националниот парк Сочи.

Демографија

Градот има мнозинство на етнички Руси (~70%) и значајно ерменско малцинство (~20%), особено во градскиот округ Адлерски.Cordula Gdaniec, ed., Cultural Diversity in Russian Cities: The Urban Landscape in the Post-Soviet Era (Berghahn Books, 2010), 117.Kimitaka Matsuzato, "Transnational minorities challenging the interstate system: Mingrelians, Armenians, and Muslims in and around Abkhazia," Nationalities Papers 39 (September 2011), 820.

Година Вк. население Урбан Руси Ерменци Украинци Грузијци 1887 98 н.п. 1891 460 н.п. 1897Попис 1897. demoscope.ru (руски) 1.352 н.п 37,9%6,0% 19,9% 17,1% 1904 8.163 н.п. 1916 13.254 н.п. 1926 13.000 н.п. 1939 72.597 49.813 1959 127.000 81.912 1970 245.300 203.100 1979 292.300 245.600 1989 385.851 339.814 1992 369.900 322.400 68,7% 14,2% 5,9% 1,5% 1994 378.300 н.п. 1997 388.200 н.п. 2002Федеральная Служба Государственной Статистики. Краснодарский краевой комитет государственной статистики «Национальный состав и владение языками, гражданство. Итоги Всероссийской переписи населения 2002 года по Краснодарскому краю. Том 4», г. Краснодар, 2005 397.103 332.778 67,5% 20,2% 3,7% 2,3% 2006 395.012 329.481 2007 402.043 331.059 2008 406.800 334.282 2009 410.987 337.947 2010 420.589 347.932 69,92% 20,09% 2,29% 2,03%Население на Руската Федерација по градови и окрузи на 1 јануари 2007: Ростат, Москва, 2007Половинкина Т. В. Сочинское Причерноморье – Нальчик (2006) pp. 216–218, ISBN 588195775X4. Население (R_04.doc) in Российский статистический ежегодник 2011, www.gks.ru, ISBN 978-5-89476-319-4

Религија

мини|Црквата на Св. Мандалион

Пред 1864, Сочи бил мало село. На север, неколку стотици сунити со адигејско потекло, живееле околу Тхагапш, близу Лазаревскоје. Адигејците преминале од Ислам во Христијанство во век."Rekhaniya ". Еврејска виртуелна библиотека.

Моментално, Сочи е преовладувачки христијански град, иако се претпоставува дека има околу 20.000 муслимани (5% од населението), мнозинството од нив се Адигејци, како и други групи.Сочи, град без џамија , OpenDemocracy, 22 октомври 2010

Била изградена џамија во 2008 од ОАЕ во средишниот дел на Битха, како надополнување на старата џамија, која се наоѓала 40 километри северно од центарот на градотВ ауле Тхагапш произошло знаменательное для верующих мусульман событие. (руски). Shapsugiya.ru (9 септември 2010). 26 јули 2012..

Постојат околу триесет православни цркви, а најголема помеѓу нив е онаа на Св. Михаил и два манастири, плус две католички цркви, една во центарот на Сочи и другата во Лазаревскоје. Ерменската заедница, која е важна во Сочи, поседува околу десет цркви.

Клима

Сочи има влажна суптропска клима (Кепенова класификација на климата Cfa), на пониските височини. Просечна дневна температура во градот е 18,4 °C, додека ноќе паѓа на 11 °C. Во најладните месеци, јануари и февруари, просечната температура изнесува околу 10 °C преку ден и над 3 °C ноќе, додека просечната морска температура е околу 9 °C. Во најтоплите месеци, јули и август, температурата вообичаено се движи од 25 °C до 29 °C во текот на денот, околу 20 °C ноќе, а просечната температура на морето се движи од 23 °C до 24 °C. Градот има околу 2.200 сончеви часови во текот на годината. Обично, летната сезона трае шест месеци, од мај до октомври. Два месеци, април и ноември, се преодни; понекогаш температурите достигнуваат 20 °C, со просечна температура од околу 16 °C по ден и 9 °C ноќе. Декември, јануари, февруари и март се најладни месеци, со просечни температури (од овие четири месеци) 11 °C во текот на денот и 4 °C ноќе. Просечно има околу 1700 мм врнежи во текот на годината.Голема советска енциклопедија. Entry on Sochi Сочи се наоѓа на истата должина како Ница, но силните студени ветришта од Азија ги прават зимите помалку топли. Всушност, температурите паѓаат под нулата секоја зима на еден или два дена. Највисока забележана температура била 39,4 °C на 30 јули 2000, а најниска забележана температура била -13,4 °C на 25 јануари 1892.

+Просечни температури на морето (1977–2006).Температури на водата во Сочи 1977–2006 (на руски), 9 август 2012.ЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГод9,6 °C8,7 °C9,6 °C11,2 °C15,2 °C19,6 °C24,0 °C25,3 °C23,1 °C19,5 °C14,9 °C11,5 °C16,0 °C

Познати луѓе

Јуриј Денисјук — физичар Андреј Гејм — физичар, истражувач на графенот и добитник на Нобелова награда за 2010Андреј Гејм - Биографија, Добитници на Нобелова награда (физика, 2010) Јевгениј Кафелников — тенисер Дарија Кондакова — ритмичка гимнастичарка Григориј Лепс — пејач, текстописец, музичар Слава Метревели — фудбалер Владимир Немшилов — олимписки пливач Борис Немцов — политичар Мордехај Шпиглер — руско-израелски фудбалер и менаџер Владимир Ткаченко — кошаркар Елена Веснина — тенисерка Алексеј Војевода — боб-санкач Харис Јуничев — советски пливачСильнейшие спортсмены СССР наши коллеги по движению «Мастерс»: Т-Я . swimmingmasters.ru Марија Шарапова — тенисерка

Збратимени градови

Сочи е збратимен со следниве градови:

Челтенам, Велика Британија (од 1959)Збратимени градови на Сочи (Русија). cheltenham.gov.uk Ментон, Франција (од 1966) Римини, Италија (од 1977)Gemellaggi. Официјална страница на Римини Еспо, Финска (од 1989)"Tiesitkö, että" (фински) in Ee-mail, јануари 2007, p. 6. espoo.fi Лонг Бич, Калифорнија, САД (од 1990)Online Directory: Russian Federation, Eurasia. sister-cities.org Керч, Украина (од 2005) Трабзон, Турција (од 1991) Чачак, Србија Перну, Естонија (од 1994) Вејхај, Кина (од 1996) Сидон, Либан (од 2005) Лас Пињас, Филипини (од 2005) Волос, Грција (од 2007) Сале, Мароко (од 2010) Баден-Баден, Германија (од 2011) Нетанја, Израел (од 2012)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на Сочи Временска состојба за Сочи, Русија

Категорија:Градови во Краснодарскиот крај Категорија:Градови во Русија Категорија:Историја на Кавказот Категорија:Одморалишта во Русија Категорија:Населени места основани во 1838 година