Ума — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 500 м источно од селото, во непосредната близина на браната од Суводолското Езеро, каде во 1977 година Заводот и музеј од Битола и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршиле заштитно сондажно ископување со кое се откриени остатоци од објект граден од камен и кал и многубројни фрагменти од керамички садови, како и две бронзени монети ковани во Стоби. Денес наоѓалиштето е потопено од водите на езерото.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Манастирец — базилика од старохристијанско време; Дибек — гробница од хеленистичко време; Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време; Ѓорчева Воденица — населба од римско време; Бројанец — базилика од старохристијанско време; Тумба — населба од бронзено време; Бртви — населба од доцноантичко време; Туриграв — населба од доцноантичко време; Шуплевец — населба од бакарно време; Суводол; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Суводол (Битолско)