Плочи — археолошко наоѓалиште во битолското село Добрушево. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти градени од камен и варов малтер, а по површината се среќава множество фрагменти од керамички садови, тегули и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ерековски Ливади — населба од римско време; Селиште — некропола од средниот век; Добрушево; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Добрушево